ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јагода Шахпанска: Центарот за социјална работа е должен да започне постапка веднаш, а најдоцна во рок од 12 часа од добиеното сознание дека е сторено родово базирано насилство

February 7, 2021 13:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На својот фејсбук профил министерката за труд и социјала Јагода Шехпанска, испрати огромна поддршка кон жртвите на насилство и го осуди истото. Таа го потенцираше законот за спречување и заштита од насилство врз жени и девојчиња и ги објасни измените во законот.

“Согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство :
Центарот за социјална работа (член 45 и 46) е должен да започне постапка веднаш, а најдоцна во рок од 12 часа од добиеното сознание дека е сторено родово базирано насилство врз жена или семејно насилство и да преземе мерки за заштита на жртвата, согласно проценката на ризик.
Заради запирање на насилството, отстранување на последиците и преземање на ефикасни мерки кон сторителот на насилство, судот може да ги изрече следниве привремени мерки за заштита:
1) забрана да се заканува дека ќе стори насилство;
2) забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со жртвата;
3) забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува жртвата;
4) отстранување од домот без оглед на сопственоста, во траење од 10 до 30 дена;
5) забрана да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
6) задолжително да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на жртвата и семејството;
7) задолжително законско издржување на семејството;
8) задолжително да посетува советувалиште за сторители на насилство врз жени- или семејно насилство;
9) задолжително лекување на сторителот, доколку злоупотребува, алкохол, дрога и други психотропни супстанции или има психичко заболување;
10) сторителот задолжително да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од насилството” – напиша Јагода Шахпанска на својот фејсбук профил.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk