ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кривични пријави за доктори од Битола, извршено породување со царски рез од невработен гинеколог

February 8, 2021 16:39
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Битолската полиција поднесе кривични пријави за доктори од Битола, кои на почетокот на годината на невработена докторка-гинеколог и дозволиле изврши оперативна интервенција, породување со царски рез врз родилка во Одделение за гинекологија и акушерство при битолската болница.

МВР информира дека СВР Битола денеска до битолското ОЈО  поднесе кривична пријава против: М. В. (33) од Битола, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и Г.Ч. (60) од Битола поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Кривична пријава е поднесена и против А. В (33) од Белград, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“ и кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Првопријавениот и второпријавениот како доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница-Битола пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената на 1 јануари 2021 година без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош – изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциска сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека по завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 1 јануари 2021 година.

 

/МИА/
Next Post

Извештај: Во 2019. зголемен број на констатирани повреди на човекови права во однос на 2018 година

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk