ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зелениот покрив на ГТЦ никако да се отвори, повторно цел на вандали

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје повторно бил цел на вандали, кои го демолирале, пред воопшто да биде отворен.

November 27, 2019 12:34
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Зелен покрив ГТЦ на 13 ноември 2019

Зелен покрив ГТЦ на 13 ноември 2019

Share on FacebookShare on Twitter
Зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје повторно бил цел на вандали, кои го демолирале, пред воопшто да биде отворен.

„Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои “чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање.
Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција.
Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а “чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар, првично требаше да биде готов летово, а потоа се пролонгира до Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, но и до тој ден не се пушти во употреба.

На покривот до вчера се забележуваа работници, кои чистеа дел од патеките и околу новопосаденото зеленило, а таму до скоро имаше механизација и алати за работа.

На почетокот на работите за поплочување на дел од плоштадот на потегот пред ГТЦ до порта „Македонија“ градскиот татко Петре Шилегов не се откажа од крајниот рок за завршување на зелениот покрив на ГТЦ, односно Денот на ослободувањето на Скопје 13 ноември.

Сепак, тоа не се случи.

Од почетокот на изградбата на зелениот покрив на ГТЦ се соочува со проблеми. Најпрво дел од стручната јавност и граѓаните реагираа на идејното решение за изгледот, на што забележуваа дека има премалку зеленило, а премногу објекти.

Потоа, изградбата беше стопирана, кога `никна` кафуле на надворешната страна од ГТЦ. Во меѓувреме, додека се уште беше во подготвителен дел од изграбата, неколкумина ги демолираа материјалите донесени за изградба на зелениот покрив.

Инаку, терасата на предната страна од Градскиот трговски центар во Скопје требаше да се претвори во пријатна зелена оаза, која граѓаните ќе можат да ја користат за одмор и рекреација.

Предвидени беа неколку водени површини, патеки, зелен простор, клупи за седење, кафуле и други содржини во корист на граѓаните, но просторот ќе биде и ограден заради безбедност.

Со овој проект требаше да се придонесе за намалување на температурата во центарот на градот за време на летните горештини.

Имено, кога температурата на плоштадот „Македонија“ е 27 степени Целзиусови, на покривот на ГТЦ температурата изнесува 37 степени, покажала неодамнешната студија за „жешки објекти“ во центарот на Скопје.

За изградба на проектот беше најавено дека ќе биде користена најнова технологија, а изведувачот ќе го бира УНДП, додека Градот го финансира проектот кој чини околу 33 милиони денари. За одржување на паркот ќе се грижи службата на ГТЦ, како и оној кој ќе го закупи кафулето, а секако најголемата грижа се остава на граѓаните.

Во план беше зазеленување и на покривите на едно училиште и една градинка во Општина Центар.

Билјана Богдановска

Next Post

Фетаи: Ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги

НАЈНОВО

Хороскоп со Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 30 октомври

October 30, 2025

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk