ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Чунче ко чунче, го турнав

February 8, 2021 22:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

После првата патарина на автопатот Скопје-Велес застанат камион со дефект и знак да се внимава. Знакот го тргаат гледам на некои 200 метри од мене онака небезбедно, полициската кола присутна тука наместо да стои напред и да дава светлосно предупредување, стои позади сообраќајниот знак. Поминувам со  намалена брзина и удирам во паркинг чунче оставено да стои на патот и покрај тргнатиот знак. Чунче ко чунче, не го видов и го прегазив. Ен ми вика, ја пореметив во чепкањето во мобилниот. се испулив –  џандарите гледам не реагираат и го збоднав ГТЦ-то да крцка накај Прилеп.

Си крцка понатаму и ич не ѝ дреме и телевизијата со национална концесија што примила државна помош за исплаќање на плати, арно ама ги има на списокот (презентиран јавно) од УЈП, на фирми кои не ги исплатиле платите на вработените иако примиле државна помош за тоа. Погодувате, тоа е онаа алфа и омега телевизија секогаш на страната на народот, на правдата и вистината. Телевизијата на која се сервираат конструкции и лажни вести фул-тајм – за доручек, за вечера и за ужинка. Телевизија во сопственост на унгарски газди со силно дефинирана и фиксно насочена агенда и прпагана. Мерак за гледање по сите овоземни стандарди. И порталот на едно национал-шовинистичко грујово полтронче што од поединец пликач сега има десетина луѓе во редакција бил во тие што добиле државна помош, а не исплаќал плати. И ништо нема да им фали, на овие преварантите што ќарат пари за субвенции од државата а не им ги даваат на работниците. Се сеќавате на десантот на А1 телевизија, на оклопните полициски возила и стотиците специјалци „желки“ со кои груевци се пресметаа со тогаш единствената опозициски и антирежимски настроена телевизија? Слично де, како тогаш и овие сега. Исти се! Немојте случајно да сте заборавиле. Ќе ве потсетува дип-фејсбук интелектуала за истоста ич да не се секирате.

Една таква интелектуала со длабоко професорско искуство кој беше испратен со аплауз од „некои“ пратеници после излагањето на Јавната дебата за реформи во образованието, бил против реформите во образованието оти му било смачено. Буквално така рече човекот:

„Јас сум еретик. Јас сум против реформи. Сите досегашни реформи завршија во ќенефот. Смачено ми е веќе. Затоа сум против реформи. Не затоа што сум априори против…“, рече во уводното излагање професорот

Не е против оваа реформа туку бил општо анти-реформа човекот оти сме ги ќенефосувале сите претходни реформи, па веројатно намирисал дека ќе биде така и сега. Одличен избор професоре –  аргументирано прецизно и поткрепено со факти, нема што?!

Оваа година не само во Бугарија и во Македонија има избори. Нека прават што мислат захариевци анд источнососедски „браќа“, избори ни се ближат и нам. нека имаат на мукает, Локални избори, ќе вртиме и ние предизборна страница ич да не се сомневаат. Не знам дали знаат, но после ирационалната блокада што ни ја удрија „браќата“, немаме што да изгубиме повеќе, На „правец исток“ оваа сегашна владејачка гарнитура нема да се заврти, тука се заебаа во прогнозите, такашто и западот и америте се јасни на каде ќе дува ветрот – не спроти нас. Уствари тоа е ако ЕУ има сè уште желба и сила за вистинска интеграција на Западен Балкан, ако не, секој по патот.

После десетина километри полицијата тргнала во потрага по мене и ми свири Јетито и мавта полицаецот да застанам, У јеботе, потера, ко на филм. Излегува револтиран џандарот – чунчето ми го скрши, каде се пулеше? Треба да набавиш исто вакво чунче! Му велам – мај бед во човекот што го тргаше знакот се пулев. ништо страшно не се случи, нема проблем ќе набавам. Замислете, без никаков притисок од социјалните мрежи и јавноста, без игнорирање на сведоштва од оштетени, каква Јавна соба тоа е гола вода за овој мој чин, полицајците самоиницијативно одлучија да го гонат криминалецот што го турнал заостанатото чунче, Бравоу!

Треба добро да внимаваат и на детето математичар што собра прво место, може да го повтори делото и да прави проблеми и догодина. Само велам.

Каде се продава чунче како од фотката погоре?


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk