ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Хотелиерите бараат приоритет во вакцинирањето против Ковид 19

February 9, 2021 15:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Угостителските и хотелските работници да имаат приоритет при вакцинирањето против Ковид 19, е главното барање на хотелиерите на денешната средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески смета дека на тој начин ќе се покаже дека земјата е безбедна туристичка дестинација, каде гостите ќе се чувствуваат безбедно и да имаме успешна туристичка сезона.

– Со вакцинацијата на вработените во туристичкиот сектор ќе се даде слика дека ние сме безбедна дестинација и во сезоната 2021 секој гостин, домашен или странски да се чувствува безбедно. Што поскоро да се донесе вакцината и да се почне со вакцинирање, порача Блажески.

На средбата, посочи, ќе биде побарано да се дополнат протоколите за поголема безбедност на гостите.

– Безбедносните мерки околу протоколи за собите постојат, но да бидат направени побезбедни. Покрај дезинфекција на собите да се прави и озонирање, како и вакцинација на вработените, кои треба да го прават тоа секојдневно. Потребен е и посебен кол центар каде доколку има гостин со симптоми ќе може да се јави и да добие соодветни инструкции. Сакаме да најдеме начин и како да направиме служење на храната со шведска маса, нагласи Блажески.

Мотото на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, според директорот Јаневски, е да ја прикажеме земјата како сигурна дестинација и сигурно патување и можноста да се даде приоритет при вакцинирањето и на хотелските работници со цел уште повеќе да ги увериме странските туристи дека возможно е Македонија да биде сигурна дестинација за лето 2021 година.

– Работиме на усогласување на одредени протоколи и нивно подобрување со цел Македонија да биде сигурна дестинација за лето 2021 година. Сертификатите и протоколите ќе бидат дополнително нормирани со сите протоколи во Европската унија. Со ХОТАМ ќе работиме на подобрување на одрддени елементи во работењето на угостителско – хотелиерскиот сектор. Дополнително ќе се потрудиме во 2021 година да имаме подобри резултати од 2020, изјави Јаневски.

Владата, нагласи, создаде зелени коридори кон Србија, Албанија, Косово и Турција, за кои нема потреба од ПСР тестови и тие слободно може да влегуваат во нашата држава, но рестрикциите од страна на ЕУ и уште позатегнатите протоколи за патување во првиот квартал за 2021 година не даваат оптимистички резултати.

– Очигледно дека вакцината е релативизирање на состојбата и се надеваме дека во многу брзо време ќе почне имунизацијата кај нас, истакна Јаневски, додавајќи дека од средината на март ќе почнат со промотивните активности за 2021 година.

Приоритет за 2021 година, посочи, е создавање услови за зелени зони и со Холандија, бидејќи за Охрид е многу значајна.

– Очекувам дека од мај ќе поченеме со туристи од регинот што ќе треба да не посетат. Колку ние да сме спремни се додека Европа не одлучи дека нејзините граѓани можат да патуваат во трети земји надвор од Унијата, до тогаш ќе имаме потешкотии со враќањето на туристите во нвините матични земји со карантините од 7 и 14 дена, како што е во моментот, рече директорот на АППТ.

Враќањето на линијата Атина – Скопје од 15 февруари, и најавата за уште неколку авиолинии од одредени дестинации, му даваат надеж дека за одреден временски период ќе се стабилизираат поврзувањето на одредени дестинации со авио-линии.

Во текот на 2021 година очекува 60 до 65 проценти гостите да бидат домашни, додека 30 до 35 регионални и странски туристи.

– Очекувам дека ќе ја поминеме бројката од два милиони ноќевања и дека ќе имаме уште помал пад во девизниот прилив, споредбено со 2019 година. Во првите три квартали од 2020 споредбено со 2019 година падот во дезивниот прилив, или импактот во македонскиот туризам е 41 отсто, рече Јаневски

Според одредени податоци од Агенцијата за вработување во туристичкиот сектор има меѓу 5 и 8 илјади вработени, но со дополнителните гранки околу 15 до 20.000. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

May 16, 2025

Поднесено обвинение за силување против 37-годишен скопјанец

May 16, 2025

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Зеленски по пристигнувањето во Турција: Руската делегација е застапена од заменски реквизити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk