ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Предвремени избори нема да има, приоритети се пописот и локалните избори, за само неколку часа повеќе од 8.000 граѓани регистрирани за вакцинација, Ѓорѓе Иванов како сведок за настаните од 27 Април

February 11, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш го повтори ставот дека предвремени избори нема да има. Тоа што мора да се спроведе, рече Заев, е пописот, а приоритет се и редовните локални избори.

Веб-страницата Vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба, a за само неколку часа има повеќе од 8.000 регистрирани граѓани, соопшти на социјалните мрежи, министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот Филипче во изјава за Политико ја коментираше актуелната состојба со набавката на вакцини во Европа и нашата земја. Тој изјави дека на набавката на вакцини не гледа како политичко или геополитичко прашње и дека приоритет е зачувување на јавното здравје.

Ситен крадец ситна душа. А мислевме само на крупни кражби оди Антонио Милошоски. И не само што краде, туку и лаже. Само вистината е како шило, врти, врти, ќе се појави, вели Петар Богојески.

Превирања во ВМРО-ДПМНЕ, Иницијативниот одбор бара прочистување, Мицкоски избегнува соочување со делегатите.

Пандемијата со Ковид-19 е катализатор на процесот на дигитализацијата на судството, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на V-та Меѓународна судска конференција на тема „Судството во состојба на пандемија“, соопшти Министерството за правда.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов на денешното рочиште како сведок на судењето за организаторите на 27 април. Се изјаснал дека не знаел дека ќе се влегувало во Собрание, а ниту планирал воена состојба.

Државниот инспекторат за труд  при контролите во надзорот кој го врши, утврдува  доколку се прекршува членот 134 од Законот за работни односи кој што го регулира ова прашање и  предвидува мерки и санкции согласно Законот за прекршоци, истакна министерката Шахпаска во однос на прашањето како ќе се контролира почитувањето на  Законот и работничките права.

Шест илјади граѓани над 64 години возраст согласно важечкото законско решение продолжиле да работат, наместо да одат во пензија и на нивно место да дојдат млади и компетентни кадри. Со новиот закон тоа ќе важи само за здравство и високо образование.

 

М. М.
Next Post

Османи: Соодветно да се валоризира напредокот на земјата во евроинтеграциите

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk