ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милевски: Годинава приоритет ни e децентрализацијата, како фискална, така и институционална

February 11, 2021 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Главен приоритет на Министерството за локална самоуправа годинава е децентрализација, како фискалната, така и институционална, порача денеска од Штип, министерот Горан Милевски.

-Сакаме веќе следната недела, разговаравме и со премиерот, да го продолжиме процесот на децентрализација со зголемени ингеренции. Минатата година се занимававме со рамномерниот регионален развој, нов закон, нова десет годишна стратегија. Сега оваа година приоритет ни е децентрализацијата како фискална, така и институционална, рече Милевски.   Според него,  целта не е државата да ги контролира општините, туку преку  децентрализацијата да се  даде поголема власт на локалната самоуправа, контролата на градоначалниците.

-Ако имаме механизми каде што е независно кој е градоначалник, системот ќе функционира нормално и ќе може да го издржи тој четиригодишен негов мандат и тогаш имаме успешна децентрализација. Тука најголема улога треба да имаат советите, како и независната општинска јавна администрација, рече Милевски.

Прашан, зошто досега не е прогласена финансика нестабилност на одредени општини, Милевски со одговор дека за прашањата во делот на финансиите е надлежно Министерството за финансии.

-Ние можеме само да бидеме партнери и да го следиме процесот и да даваме иницијатива, но последниот збор  како и сега во случајот со фискална децентрализација процесот ќе го води Министерството за финансии. Ние немаме ингеренции. Сметам дека вашето прашање е на место и треба некои општини да им се изречат некои дисциплински мерки тоа би било како една лекција за сите останати дека мора да водат одговорна политика бидејќи ако нема санкции тогаш може тоа да се прошири како вирус, додаде Милевски.

Вакви санкции за општините  сега ќе нема, бидејќи како што вели Милевски, годинава ќе има попис, локални избори и дополнително е тоа што годинава ќе се прават и реформи во локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов вели дека децентрализацијата во Штип е некаде во втора фаза каде што сите финансии преку блок дотации се префрлаат од централната во локалната власт.

-Меѓутоа, токму овие средби треба да бидат и причина да се видат и недостатоците од оваа децентрализација или она што и ние како локална самоуправа го дискутираме и го воочуваме како проблем во однос на одредени проценти во приходите коишто треба да ги собира општината во однос на даноци на приход, даноци на добивка, ДДВ итн., и од друга  страна коишто ќе ги има кон продолжените институции, во државните институции, централните институции во локалната самоуправа  како што се образовниот дел, културниот дел.., зборуваме за социјалните служби, зборуваме за полицијата, зборуваме за сите оние коишто имаат централно влијание во општината во менаџирањето на овие институции. Ние ги добиваме во форма на блок дотации, меѓутоа менаџирањето останува повторно поврзано или директно зависи од централната власт којшто треба да се дискутира и да се промени тоа, вели Николов.

Општините бараат  и поголеми ингеренции на комуналните инспектори во форма на овластување од страна на полицијата за да може да изрекуваат казни, како што е за  погрешно паркирање.

-Тоа да може да го реализира општинската полиција, да не зборуваме за комуналните инспектори кои треба да реализираат не одржување на хигиената од страна на физички и правни лица во општината, да го реализираат по Закон самите комунални инспектори. Ингеренциите да се прошират во однос на оние коишто треба да ги имаат за да биде целото тоа раздвижено, и да биде поживо и побрзо и да се види самиот ефект, а од друга страна ќе се растовари целата администрација по министерствата, бидејќи ќе биде растоварено од сите овие работи што мораме  како општина, локална самоуправа да ги пратиме назад и од централата повторно да ни се вратат назад, појасни Николов.

На прес-конференција пред денешната дебата за децентрализација, Невена Лонгурова од Фондацијата за развој на локалната заедница во Штип рече дека тие 15 години работат на процесот на децентрализација  и од тие причини се настојува секоја година да одржуваат конференција која што е посветена на оваа тема со цел да се види како се одвива истиот процес, кои се состојбите, што треба да се подобри.

-Денес ја одржуваме конференцијата посветена за децентрализацијата за оваа година со тоа што ќе ги промовираме резултатите од еден механизам којшто го имплементиравме во изминатите три години како добра практика во осум општини во Источна Македонија. Овој проект е поддржан од УСАИД проектот за граѓанско учество. Тој имаше цел да даде придонес во подобрувањето на граѓанското учество, во креирањето на локални политики и донесување одлуки, рече Лонгурова.

Посочи дека  секоја од општините коишто беа вклучени во оваа програма имаа свои приоритети. Најмногу интерес  кај општините имало  да формираат советодавни тела, коишто се посветени на урбанизмот и просторното планирање, меѓутоа, има општини на кои што приоритет им биле екологијата и туризмот.

 

/МИА/
Next Post

Рестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа, во спротивно масовно ќе протестираат

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk