ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Рестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа, во спротивно масовно ќе протестираат

February 11, 2021 14:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Итно укинување на членот 14 од Уредбата донесена на 23.06.2020 со кој се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти, бараат членките на Туристичко-угостителската комора (ТУК).

Тие денеска на прес-конференција апелираа државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа.

Ако тоа не се случи, како што најавија, идната недела ќе излезат на масовен протест.

-Почнувајќи од 15.03.2020, ние, како угостителски објекти за организирани настани, речиси една година немаме протокол за почнување на нашата дејност. Ние сме единствени економски оператори кои имаат 11 месеци забрана за работа, а користевме парцијална државна помош во поддршката за плати и придонеси, која траеше само шест месец. Располагаме со големи капацитети, соодветна квадратура и можност за одржување организирани настани, со што би се запазиле усвоените протоколи според кои функционираат останатите „A la carte“ ресторани со ограничено работно време. Да не ги држиме во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како претходната. Да спречиме да ни се повтори минатогодишниот пропуст, кога младоженците беа принудени своите свадбени церемонии да ги прават во сопствените дворови и изнајмени викендици, без да имаат можност да се примени соодветен протокол со дистанца и без потребните хигиенско-санитарни услови, реагираа членките на ТУК.

Според нив, исплатата на еднократната парична помош во вид на грант, со максимален износ од 10.000 евра, е 2-4 отсто од вкупно остварениот промет во 2019 година, што е минимална поддршка за сервисирање на трошоците на оваа категорија угостители со оглед на големината и квадратурата на објектите со кои управуваат.

-Споредено со регионот, ние сме единствена земја која не доби протокол за организирани настани, а поддршката субвенционирање плати и придонеси, како и еднократниот грант, е убедливо најниска директна помош. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и свесни сме дека во овој момент не може да се вратиме на истите услови на функционирање како во 2019 година, но од исклучителна важност за нашата дејност, имајќи го во предвид сезонскиот карактер, е временска динамика на фазно донесување протоколи за почнување со работа, нагласија членките на ТУК.

Тоа, напоменаа, би ја олеснило одлуката на младоженците за одбирање погоден датум за организирање веселба, а воедно би било од големо значење и за комплементарните дејности: музичари, фотографи, слаткарници, цвеќари, модни дизајнери и ателјеа, шминкери, декоратери.

-Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дозвола за работа како и останатите ресторани. Доколку не добиеме позитивен одговор  и нашите барања не се усвојат, следниот чекор идната недела ќе биде масовен протест, предупредија рестораните за организирани настани.

 

/МИА/
Next Post

Предавање на акредитивните писма од страна на Мирваис Самади, новоименуваниот амбасадор на Авганистан за Северна Македонија

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk