ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе се истражува финансиското работење во Министерството за култура во изминатите пет години

February 11, 2021 18:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиката полиција влегува во Министерството за култура не само да открие дали проектите од национален интерес лани биле законски делени, туку ќе ја проверува и целокупната работа на Министерството.

Под лупа ќе бидат сите можни финансиски транскации од тековното работење што се исплаќале во последните пет години. Директорот Арафат Муареми, за ТВ 24 вели дека истрагата е проширена поради одредени сомневања.

„Од Министерството за култура сме известени за некои индиции, кои тие ги утврдиле. Тој извештај од наша страна веќе се проверува, даден е на работа во едното одделение што е специјализирано токму за таквите неправилности. И со министерката ќе се договорат да се почне и за другите компоненти кои што се во надлежност на Министерството и да се проверат дали имаат одредени неправилности или не во текот на работењето во изминатите пет години.“ – вели Арафат Муареми, директор на Финансиката полиција.

Поранешниот министер за култура Хисни Исмаили вели дека е достапен во секое време да одговара на прашањата. Тврди дека нема злоупотреби. Горд е на промените што ги направил, зашто вели, сите негови претходници во Министерството проблемите ги ставале под тепих.

„Десет потписи има на еден договор. Не знам како може да има проневера. Од Комисијата сите се професионалци, има луѓе и од внатре и од надвор. Потоа второ, буџетот на Министерството не е надминат. Ние имаме пренесување на средства. Тоа секогаш се прави. Кога не се трошат парите во одредени ставки, средствата се пренесуваат на друга ставка. Тоа е сè законски.“ – изјави Хисни Исмаили, поранешен министер за култура.

Уметниците кои останаа без пари, иако ги сработиле проектите, телефонски бараат информации од Министерството за култура кога ќе си ги добијат парите. Апелираат институциите побрзо да ја завршат работата.

„Би сакала да ја поздравам ваквата акција на Министерството. Редно е да се направи ревизија, а би апелирала исто така и за евалуација квалитативна на проектите. За нас како организација ова не е добро зашто чекаме, а чекаат и нашите партнери од секаде и локално, да се исплатат парите за веќе завршени проекти. Така што би сакала да апелирам за побрза информација и поефективно работење, одмрзнување на овие исплати затоа што спречува во континуирана и квалитетна работа на организациите, а и на поединците.“ – вели Биљана Тануровска-Ќулавковски, директор на „Локомотива“.

Министерството за култура раскина авторски договори вредни повеќе од еден милион евра. Биле склучувани анекси на договори за зголемување на сумите и биле прифаќани обжалени проекти. Поради ваквите наоди, под мраз се ставени сите исплати на проекти од национален интерес.

 

извор 24.мк
Next Post

Министерката Царовска во изолација поради контакт со позитивно лице на Ковид-19

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk