По низа навреди упатени кон повеќе пратенци, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, Димитар Апасиев продолува со вулгаризми и навреди. Овој пат мета е министерот за правда, Бојан Маричиќ. Пратеникот Апасиев објави краток но навредлив коментар на Твитер кој се однесува на Маричиќ. Твитот гласи: ГНИДО ОКУПАТОРСКА.
Потоа следуваа навреди и коментари од „истомисленици“ на левичарот Апасиев.
Не изостанаа ниту фотографии од животни со кои е правена компарација со министерот Маричиќ.
Во текот на вчерашниот ден Апасиев од неговиот Фејсбук профил упати навреди кон Шилегов нарекувајќи го „Шилеџе“, „ненормален“, „непрокопсана пијандура и несреќа скопска“.
Пред некој ден поради непрописно паркирање, Пајак службата на Град Скопје му го подигнала возилото на Димче Апасиев, а тој упатил клевети кон градските служби обвунувајќи ги „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“.
Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите од Апасиев, истакнувајќи дека законите важат подеднакво за сите, потенцирајќи поткрепено со фотографија од лице место на настанот, дека пратеникот паркирал на улица блокирајќи го протокот на сообраќај.
И. З.