Полициски службеници привеле скопјанка која бил барана со централна потерница од Кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор, соопшти денеска МВР.
-Вчера во 14:00 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на Гази Баба ја лишиле од слобода Б.М.(34) од Скопје, поради тоа што се барала по распишана централна потерница од Кривичен Суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од две години и шест месеци за извршени кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, се наведува во соопштението на Министерството.
Од страна на полициски службеници, Б.М. била спроведена во Казнено-поправен дом Идризово.