ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богдановиќ: Пет нови локални паркови во новиот ДУП Маџир Маало 1

February 12, 2021 14:05
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Советот на Општина Центар на последната 60-та седница, одржана вчера во салата за состаноци на Советот, го усвои Деталниот урбанистички план Градска четврт И 01 Маџир Маало 1.

Од Општина Центар известуваат дека ова е 8-ми по ред ДУП кој е дел од Одлуката за неизвршување на плановите (тн. Мораториум на градби), истиот ја има минато целата законска процедура за донесување на планови и е изработен во согласност со важечкиот Генерален урбанистички план на Град Скопје (ГУП) 2012-2022.

„И во овој ДУП јасно се видливи нашите заложби за зголемување на парковското зеленило, намалување на површините за градба и обезбедување на соодветни и хумани услови за живот на жителите“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Новиот ДУП Маџир Маало 1 во себе предвидува 1195 метри квадратни на парковско зеленило, а вкупната површина за градба со намена домување е намалена за 23%, со што максимално е заштитен пешачкиот карактер на кејот, а предвидена е само една пристапна улица за автомобили. Во стариот план предвидени се слепи улици со слепи краци во должина од 225 метри (105 метри над законски дозволеното), а на сметка на слепите улици, ќе се изведе кружно движење кое навлегува длабоко во планскиот опфат и е огромна безбедносна придобивка за целиот ДУП.


„Регулирана е и дозволената длабочина на објектите, па така наместо претходно предвидените 26 метри, новиот план Маџир Маало 1 предвидува длабочина од 13 до 19 метри, во зависност од градежната парцела. Избришани се два објекти за домување со површина за градба од 252 метри квадратни (развиена површина за градба од 1764 метри квадратни, односно 189 метри квадратни (развиена површина за градба 1323 метри квадратни), а една градежна парцела е намалена за 248 метри квадратни. На сметка на избришаните објекти за градба вцртани се 5 мали локални паркови, со вкупна површина од 1195 метри квадратни“, дополни градоначалникот Богдановиќ.

Во досега донесените планови од ова општинско раководство и Советот, предводено од градоначалникот Саша Богдановиќ, испочитувани се обврските за вградување на минимум 20% зеленило во градежната парцела и задолжителното обезбедување потребен број паркинг места во своја парцела. Ова е прв од донесените планови кој обврзува на посебен режим на изградба на поткровја, кои нема да влијаат на уличниот фронт и значително ќе ги намалат проблемите со осветлувањето и во кој предвидени се паркинзи за велосипеди.

Како и во досега донесените ДУП-ови, кои се усогласени со важечкиот ГУП на Град Скопје, така и во овој, испочитувано е начелото на креирање на квалитетни решенија и поквалитетен простор за сегашните, но и за идните жители и станари.

Покрај точката за ДУП-от, на дневниот ред за работа на Советот на Општина Центар на 60-та седница се најдоа и полугодишните извештаи за работата на основните училишта, одлуките за извршување и прераспределба на буџетот, вклучително и усвојувањето на буџетскиот календар, дополната и измената на финансискиот план на КК Работнички и одлуката за меѓуопштинска соработка во врска со заловувањето на уличните кучиња. На дневен ред се најдоа и предлозите за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште на Универзитетската клиника КАРИЛ и Деловникот за работа на општинското Партиципативно тело од областа на урбанизмот.

Next Post

„Амфора“: Безмилосно се изловува охридската пастрмка во време на мрест и строга забрана за риболов (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4, во близина на Кејот на Вардар

August 21, 2025

ДУИ: Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници

August 21, 2025

Елитни руски војници се повредувале себеси и своите соборци за да добијат отштета

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk