ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Поплави во северна Албанија: Под вода 5.400 хектари земјиште и 200 домови

February 12, 2021 14:47
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Обилните и интензивни дождови во изминатите денови дополнително ја влошија состојбата со поплавите во северниот дел на Албанија, посебно во регионот на Скадар.

Првиот човек на дирекцијата за цивилна заштита, Хаки Чако, во телефонска врска за Њуз 24 изјави дека ситуацијата во регионот на Скадар е влошена.

– Зголемено е нивото на реките Буна и Црн Дрим, како и на Скадарско Езеро, кои на повеќе места се излеани што предизвика поплава на живеалишта и големи површини земјоделско земјите во подскадарскиот регион, во областа Дајч, Ан е Малит. За среќа во поплавените куќи нема блокирани граѓани. Сите сили се во состојба на готовност, да им се помогнеме на жителите од поплавените подрачја, рече Чако.

За да се намали опасноста од поголеми поплави Чако рече дека надлежните донесле одлука Хидроелектраните да ги намалат количините на испуштена вода сè додека не се подобри состојбата.

– На теренот се припадници на вооружените сили, регионалните дирекции за заштита и спасување, полицијата, да им се помогне на жителите. Чекаме да се намали нивото на водата и тогаш штетите ќе бидат проценети и компензирани. Се надеваме дека ниските температури кои се најавени ќе помогнат во повлекување на водата, изјави Чако.

Моментно, под вода се најмалку 5.400 хектари земјоделско земјиште, вода има во повеќе населби во Скадар и други пет административни единици. Повеќе од 200 куќи се под вода а 500 други се опколени од водата, додека во одделни делови водата достигнува три метри над земјоделското земјиште.

Евакуирани се 15 семејства а поради зголемувањето на нивото на водата се најавува евакуација и на други семејства.

Претседателот Илир Мета и градоначалничката на Скадар, Волтана Адеми побараа прогласување вонредна состојба.

 

/МИА/
Next Post

Се работи на документацијата за побрза достава на вакцините од Србија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk