Mаж од селото Миладиновци, на возраст од 60 години, е осомничен за задоволување на полови страсти пред деца и за него се бара притвор за да не избега, да не влијае на сведоците, но и за да не го повтори делото, соопштија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје.
„Тој е осомничен дека на 3 февруари, на улицата ’Беровска‘, во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал осомничениот од местото“, велат од обвинителството.
За случајот е отворена истрага, а тој се гони за делото задоволување на полови страсти пред друг, предвидено во Кривичниот законик.
Казната која е предвидена за ова дело е над 4 години затвор.