Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил информира дека фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени.
– Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, напиша Филиче.
Инаку, денеска во земјава пристигнa првата пратка вакцини од Република Србија. Примопредавањето се одвива на граничниот премин Табановце, присусствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин е премиерот Зоран Заев.
Станува збор за 8.000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.
Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.