ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се чекаат насоки за вакцинација на хронично болните и старите луѓе

February 15, 2021 21:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Модуларната болница утре ќе се направи уште една обука на тимовите за спроведување на вакцинацијата. Конкретно, за кинеската вакцина за која сметам дека е многу квалитетна, има тимови кои со години тоа го работат. Имаме доволен број на кадар, но секој кадар е добредојден, изјави вечерва директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.

Тој во гостувањето на телевизија Телма прашан за искуствата во однос на несаканите ефекти од вакцината рече дека глобално, резултатите од вакцинирањето се добри.

-Глобално резултатите се добри, речиси од сите вакцини што ги има на пазарот. Сега последно беше само со Астра-Зенека, но гледаме дека и СЗО го менува мислењето. Несаканите ефекти се мали во проценти затоа во согласност со Министерството за здравство секој оној кој ќе ја прими вакцината, во вакциналните пунктови мора да има прсотор каде ќе поседи извесен временски период и потоа ако е се во ред може да си замине дома, додаде Исјановски.

Според него, Фајзеровата вакцина е малку потешка во однос на чување и транспорт, односно потребни се посебни услови. Кинеската, како што рече, е многу поедноставна, таа е со шприц и со игла веднаш се аплицира и се чува на температура од 2 до 8 степени, и ние располагаме со такви професионални медицински фрижидери.

Исјановски посочи дека не се исклучува можноста да се отворат повеќе вакцинални пунктови, освен најавените три во Скопје, но се зависи од тоа колку граѓани ќе се пријават за вакцинација. Како што потенцира, само со позитивна кампања, вакцинацијата ќе оди во позитивна насока.

Додаде дека ќе има и сертификат кој е се уште во изработка. Кога граѓаните ќе дојдат во вакциналните пунктови ќе им биде дадено картонче издадено од Министерството за здравство, каде ќе бидат внесени основни податоци на граѓаните, име, презиме, матичен број, адреса кога ја примил првата вакцина, потпис и печат од лекар што ја препишал, и кога потвторно треба лицето да се јави за вакцинација.

Луѓето во домовите за стари лица ќе бидат вакцинирани со мобилни тимови, а насоките треба да ги даде Министерството за здравство.

Исто така, тој посочи дека Министерството за здравство треба да излезе со соопштение каков е и дали има одреден ризик за вакцинирање на луѓе со одредени хронични болести.

-Во договор со Министерството за здравство, најголемиот товар ќе го земе Здравствениот дом Скопје,во поглед на процесот на имунизација, кој ќе стартува со вакцинацијата во среда со здравствените работници. Во однос на вакцинирање на граѓани со хронични болести, Министерството треба да излезе со соопштение, затоа што вакцините секаде се исти. Да им се пренесат на граѓаните искуствата дали преку соопштение или на сајтот – дали претставува ризик вакцинирањето на одредени хронично болни граѓани, рече Исјановски.

Next Post

Заев на средба со Сојузот на средношколците: Потврдено договореното решение за државната матура

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk