„2020 година беше една од најтешките години во поновата историја на човештвото, а останува и понатаму да бидеме крајно внимателни. Но, оваа планетарна криза го извади најдоброто од човештвото – соработката, пријателството и солидарноста.“, објави на Фејсбук премиерот Зоран Заев.
Тој истакнува дека солидарноста и поддршката преку споделување на вакцини од Србија за Северна Македонија, е израз на традицијата во регионот и вели дека првата рака на помош да се подаде кон најблискиот сосед, кон комшијата.
„Треба да продолжиме да ги негуваме засекогаш пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите, за сите заеднички идни предизвици. Посакувам и повикувам секој еден од нас да придонесе, за да има мир, здравје и љубов на Балканите.“, се наведува во објавата од премиерот Заев.