„Како што и најавивме со оваа пакет мерка се бришат каматите на граѓаните кон јавните институции и претпријатија. Со оваа мерка преку законски измени ќе им се нареди на јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија на државно ниво, УЈП, јавни институции како и на општините и сите други институции од јавните дејности, да ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камата во висина од 100 проценти. Тоа се однесува за сите физички лица во државата.“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за презентацијата на петтиот пакет економски мерки.
Тој нагласи дека главнината која ја должат повеќе од три месеци и не им е платена по основ на испорачани комуналии и други јавни услуги претходно наведени: даноци и данок на имот, ќе може да се репрограмираат со плаќаат на дванаесет рати, а притоа да се избриши каматата. Реализацијата на мерката за репрограмирање ќе се направи преку објава на Јавен повик во траење од пет месеци, во рамки на кој граѓаните ќе побараат репрограмирање на долговите, истакна премиерот
Заев издвои дека мерката не се однесува кон долговите на ЕВН, БЕГ и други приватни претпријатија кои даваат јавни услуги, како и на правни лица кои се корисници на вакви услуги
„Сакам да апелирам и до приватните компании да можат да се вклучат во оваа мерка, затоашто голем број на граѓани тешко ги плаќаат заостанатите долгови, па ниту компаниите можат да ги наплатат долговите и каматите, ниту граѓаните можат да ги платат. така ќе им се помогне и на најсиромашните граѓани, оние што тешко ги плаќаат давачките кои се месечни обврски Ова е солидарна мерка и нека не се почусвтвуваат погодени граѓаните коишто можат и редовно си ги подмируваат обврските.“, апелираше Заев.
Петтиот сет како што нагласи премиерот, содржи вкупно 29 економски мерки во вкупна вредност од околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони евра се директни буџетски трошења и мерките се распоредени во четири главни столбови.
Ј. Ѓорѓиоски




