ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА КРИМИНАЛ

Царинската управа поднесе кривична пријава за избегнување плаќање акциза за тутун во вредност од 4,7 милиони евра

February 17, 2021 12:52
in КРИМИНАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Царинската управа на Република Северна Македонија на 10.02.2021 година до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против две правни лица со седишта во Тетово и Гевгелија и против 3 одговорни лица, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки“, што е казниво по член 60, став 5 и став 6 во врска со став 1 од Законот за акцизи, истакна денеска на прес-конференција директорот на Царинска управа Горан Сугарески.

Станува збор за увезен необработен тутун, со вкупна количина од 146.278 кг. нето, пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 281.585.150,00 денари и камати за ненавремено плаќање од 12.505.380,66 денари или вкупно 294.090.531 денар, односно повеќе од 4,7 милиони евра.

Се работи за десет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Гевгелија во месец  декември 2017 и во текот на цела 2018 година година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.

Во координација со Основното јавно обвинителство од Гевгелија, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје заради обезбедување на докази во врска со случајот.

Токму поради огромните штети од нелегалната продажба на режан тутун во државата, Царинската управа во координација со Пазарниот инспекторат и Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Биро за јавна безбедност-МВР и други надлежни државни институции спроведува постојани акции за сузбивање нелегална продажба на тутун и тутунски производи.

„Спроведената акција од страна на Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, е уште еден показател, дека нема компромис кога станува збор за прекршување на законите и оштетување на буџетот на коруптивен и криминален начин, во случајов недозволена трговија со тутун. Како координатор на надлежните антикорупциски институции, меѓу кои е Царинската управа и инспекциските служби, бев детално запознаен со случајот и бев во постојна комуникација и координација со Управата и со Државниот пазарен инспекторат. Избегнувањето на плаќање на давачки како што е неплаќањето акциза, е еден од ризичните фактори за корупција при увозот и извозот на стоки, кои сериозно го оштетуваат буџетот. Ги охрабрувам Царинската управа, Државиот пазарен инспекторат и другите надлежни институции да продолжат со координираните и интензивни акции за сузбивање на нелегалната продажба на тутун и тутунски производи. Нема да дозволиме никој да профитира на грбот на граѓаните, тутунопроизводителите,  и на компаниите кои чесно, законски работат и ги плаќаат давачките кон државата” – истакна вице-премиерот Николовски.

Само изминативе денови, во рамките на своите редовни активности на Одделението за истраги при Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат успешно се реализирани акции за заплена на режан тутун кој нелегално се продава на зелените пазари при што се запленети 284,5 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба и 413 кутии по 200 парчиња или вкупно 82.600 парчиња филтри за полнење на цигари. Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се 11 платни налози за нерегистрирана дејност.

Нелегалната продажба на режан тутун го загрозува здравјето на граѓаните и е пропратена со непочитувања на одредбите од повеќе закони и подзаконски акти, а кои продуцираат штети на државата и државниот буџет.

„Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Контролните марки се потврда дека за тие производи се платени акцизата и останатите давачките на државата, но и дека е извршена контрола на квалиетот. Акцизните производи учествуваат со околу 22% во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13%. Над 40% од приходите од акцизи се од цигарите и тутунските производи. Ако се знае висината на буџетот, станува збор за значаен извор на приходи.“ – истакна директорот Сугарески

Царинската управа како една од важните институции за превенција и спречување на оваа појава, во координација со други државни институции превзема сериозни и конкретни активности на различни нивоа и од различни аспекти, кои се фокусирани кон борба против нелегалната продажба на режан тутун во земјава и елиминирање на сивата економија и одржување на планираните буџетски приходи на државата.

 

Next Post

На барање на голем број компании Владата покренува автентично толкување на Законот за контрола на опојни дроги

Shortcut

Најново

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk