ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: До крајот на март ќе имаме 1.800.000 дози на вакцини, по 800.000 од Фајзер и КОВАКС механизмот и 200.000 од Синофарм

February 17, 2021 22:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Во своето гостување во „Топ тема“, министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека без проблеми тече првиот ден на вакцинација во Модуларната болница во Клиничкиот центар, и истакна колку вакцини и од каде очекуваме да пристигнат во следниот период. Имено, меѓудругото, уште еднаш потврди дека вакцините се безбедни и сигурни и не треба да постои скептицизам кај граѓаните.

„Започна процесот утринава во 10 часот, претходеа сериозни подготовки во рамки на вакцинацијата во делот на едукација, примена на вакцината, чување на вакцините по препорака на Фајзер, како и регрутација на здравствениот персонал. Очигледно е дека пресметките на опозицијата не им оди. Станува збор за вакцинирање на 300-500 луѓе само во пунктот на Модуларната болница во Кличниот центар и со таа динамика многу брзо ќе стигнеме до бројката од 4.000 вакцинирани здравствени работници. Со тоа, ќе станеме една од ретките земји со комплетно вакциниран здравствен персонал. Самата вакцина може да стои во обичен фрижидер во рок од 5 дена, но сакавме почетокот на да биде централизиран и да биде под контрола. Начинот на кој ги регрутиравме здравствените работници, беше преку писмо до секој директор, по што ги добивме списоците назад, и потоа се изготви распоредот“, посочи Филипче.

За тоа колку здравствени работници се расположени да ја примат вакцината и дали тоа го подгрева скептицизмот кај граѓаните во однос на квалитетот на вакцините, Филипче вели:

„Навистина имавме многу информации и настапи со кои се поткрепуваа антивакциналните тези. Но, голем дел од здравствените работници изразија желба да се вакцинираат. Вакцините се безбедни повторно ќе кажам и изготвени на сигурни платформи. 800.000 дози очекуваме преку Ковакс системот до крајот на март, исто толку очекуваме и од Фајзер со кого сме во последна фаза на договор, а 200.000 знаеме дека се очекуваат од „Синофарм“ на крајот од овој месец“.

Извор: Локално.мк

Next Post

Од почетокот на февруари задолжително почитување на стандарди за цврсти биогорива

НАЈНОВО

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

Kалас: Автократскиот сојуз бара скратен пат до нов светски поредок

September 3, 2025

На денешното рочиште, психијатар го прогласи Раде Трајковски – Штекли за психотичен

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Над 150.000 скопјани секојдневно се гушат во чад од Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk