ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Д-р Калина Гривчева Старделова: Имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени процедури

February 18, 2021 15:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

“Имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени процедури и тоа досега многу пати го докажала историјата. Затоа, порачувам дека никој, а особено здравствен работник, не треба да се сомнева во тоа дали вакцинирањето е вистинскиот чекор за заштита на личното здравје, но и за сузбивање на ковид-19 пандемијата”, изјави проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарската комора, која како дел од здравствените професионалци ангажирани во еден од ковид центрите, ја прими првата доза од вакцината.

„Пандемијата со вирусот ковид-19 е потсетување дека заразните болести се сериозна закана која не познава граници, а имунизацијата е најсилното оружје во борбата со нив. Не постои друга поефикасна медицинска технологија која го заштитила и го унапредила човековото здравје како што тоа го направиле вакцините. Вакцината е важна за одржување на здравјето на здравствените работници, здравјето на граѓаните, но и за одржливоста на здравствените системи и затоа немав никаков сомнеж дека треба да се вакцинирам“, изјави д-р Гривчева Старделова, која изрази верување дека нејзиниот личен пример ќе биде охрабрување за другите здравствени работници да се имунизираат.

Лекарската комора на РСМ, како членка на Постојаниот комитет на европски лекари (CPME) преку промоција на Манифестот објавен од Коалицијата за имунизација ги повикува сите здравствени професионалци да се вакцинираат против ковид-19. Документот потенцира три клучни причини поради кои секој здравствен работник веднаш штом добие можност треба да се вакцинира против ковид-19, затоа што се заштитува од болеста и од можни тешки живото-загрозувачки компликации, затоа што вакцините против ковид-19 се безбедни и ефикасни и затоа што на тој начин помага за зачувување на здравствените капацитети.

Лекарската комора, заедно со Стоматолошката комора и Фармацевстката комора, во рамките на Меморандумот за соработка кој веќе го имаат потпишано, во периодот кој претстои ќе настапат со заеднички активности за афирмација на вакцинацијатa против ковид-19.

 

Next Post

Помошта од 6.000 денари од четвртиот пакет за оние кои имаа блокирани сметки по прифаќање на законските измени во Собранието

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk