ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК бара мерки за министерот Хоџа и прекрошна постапка за директорот на МЕПСО, Рамадани

February 19, 2021 12:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатира дека во врска со случајот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа е прекршен Кодексот за однесување на членовите на Владата односно принципот на владеење правото и оти носителите на извршните функции ги вршат своите овластувања и должности во согласност со уставот и законите. Прекрешени се и принципите на взаемно почитување и заштита на угледот на Владата и институциите, на одговорност и принципот за одбегнување на судирот на јавната и приватните интереси, според кој носителите на извршните функции ја извршуваат функцијата како основна и единствена должност и не смеат да вршат друга дејност која може да влијае врз непристрасно вршење на нивната должност и овластување.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска информира дека ќе се испрати барање до овластеното лице за следење на етичкиот кодекс на Владата  да преземат соодветни мерки кон министерот Хоџа.

– Носителите на извршните функции треба да се однесуваат професионално, да ги задржуваат највисоките стандарди на однесување односно да се однесуваат со особено внимание и почитување на личноста и угледот на секој поединец, исто така носителите на извршни функции ги почитуваат овластувањата на другите избрани и именувани лица и вработените во јавниот сектор кон кои се однесуваат во согласносо со овој кодекс, изјави претседателката на ДКСК Ивановска.

Претходно, Ивановска се осврна на изјавата дадена од министерот Хоџа кој рекол дека водењето приватна фирма е приватен бизнис и нема никаков судир на интерси се додека таа фирма не добива никаква помош од страна на државата. „За мој личен бизнис одлучувам јас и не може да одлучува ДКСК и сум подготвен за каква било постапка да дадам одговорност“, ја цитира изјавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, претседателката на ДКСК.

ДКСК изгласа и прекршочна мерка за прекршување на членот 47 став 2 алинеја три од Законот за спречување на корупција и судир на интереси од страна на службеното лице Кустрим Рамадани, генерален директор и член на Управниот одбор на АД МЕПСО.

–  Предлагаме да се поведе прекршочна постапка против службеното лице Кустрим Рамадани согласно членот 105 став еден алинеја седум во однос на членот 47 став 2 алинеја три од Законот за спречување корупција и судир на интереси, рече претседателката на ДКСК.

Софка Пејовска Дојчиновска член на ДКСК реферираше по случај по пријава за избор на воен претставник на РС Македонија во Турција врз основа на објавен оглас во 2016 година. ДКСК се обратило до Министерството за одбрана од каде биле добиени во детали, како што рече таа, информации за објавениот оглас и за спроведената постапка. Документацијата што ја има  добиено ДКСК од МО е со ознака доверливо, посочи Пејовска Дојчиновска. ДКСК го затвори предметот сметајќи дека не се потврдуваат наводите за нерегуларности во овој случај.

ДКСК го офрли и случајот во однос на набавката направена од страна на поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев на телефонски апарати со поголема вредност од утврдената согласно Правилникот за користење телефони, како и за сумата за разговори на телефон.

На денешната седница ДКСК утврди дека Град Скопје нема исплатено средства кон адвокатското друштво „Шилегов и партнери“ и поради тоа постапката се запира./МИА/

Next Post

Д-р Глорија Гашпар за Фронтлајн: Вакцинацијата не треба да е избор, туку обврска на секој граѓанин

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk