ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: 199 вакцинирани здравстевни работници, замина човекот што не учеше дека љубовта постои, попис мора да има – не се решава се со избори

February 19, 2021 21:06
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Попладнево бев во модуларната болница на Инфективната клиника каде во тек е вакцинација на здравствени работници од првата фаза за имунизација. До 17 часот вакцинирани се 199 здравствени работници, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Треба да се направи попис. Имаме доверба, имаме очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики, како и да се привлечат инвестиции, кои се неопходни за вашиот раст, рече вечерва американската амбасадорка, Кејт Брнз.

Мислам дека решението на овие билатерални прашања ќе се постигне со билатерален дијалог, мора на тој начин. Северна Македонија има докази дека се справувала со спорни прашања со соседите и ги разрешувала конструктивно, па и понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги започне преговорите и билатералните прашања да останат надвор од преговорите. Ние имаме доверба во Владата дека ќе успее да дојде до договор со Бугарија за интеграциите.“- истакна амбасадорката на САД.

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов и бројни претставници на бизнис секторот и средните стручни училишта од Струмичкиот Регион, беше гостин на дебатата која ја организираше Министерството за образование со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија во Струмица.

Тешко е да се пишува за Џоле, што да напишам? Дека ми беше тајно бегство во утринските часови, дека ме слушаше и дека некако магично и пограј децении генерациско разидување ја разбираше мојата душа словенска. И денес гледам дека на сите нас Џоле ни бил бегството, желбата и сликата за она што веќе го нема. Сите ние сме растеле со него, со тој еден свет полн магија и љубов, солидарност, епматија и разбирање. А денес, денес ко да ми ги снема. Ко да ми го снема привидот, ко и вистински физички да ми ја снема надежта за тој свет, во кој сите ќе сме еднакви и вљубени во животот, ко некој да ми ги зема.

Next Post

По речиси 9 часа заврши рочиштето за „Таргет – Тврдина“, пресуда на 26 февруари

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk