ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пораст на нови случаи од Ковид-19, вакцинирани 764 здравствени работници, до крајот на месецов се очекуваат и останатите вакцини

February 21, 2021 08:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава до вчера против Ковид-19 се вакцинирани 764 здравствени работници. Имунизацијата на здравствените работници со вакцината од производителот „Фајзер“ се одвива во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде се поставени шест вакцинални позиции и се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека се очекува до крајов на месецов да пристигнат и останатите вакцини.

– Веќе добро функционира системот на закажување, близу 95 илјади граѓани се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари. Од нив, 44 илјади се граѓани на возраст над 70 години со хронични болести, значи се таа прва приоритетна група на граѓани која треба да бидат вакцинирани по медицинскиот кадар. Веднаш кога ќе пристигнат вакцините, за разлика од сегашните вакцини тие ќе бидат дистрибуирани до сите вакцинални пунктови во земјава и ќе започне масовното вакцинирање на населението, рече министерот Филипче.

Тој посочи дека ќе се направи проценка и дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина против Ковид-19.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека земјава нарачала толку вакцини против Ковид-19, колку што Комисијата за заразни болести, според нејзината проценка, оценила дека е доволно за да се постигне колективен имунитет.

– Така што дефинитивно сме направиле чекори, сме потпишале договори, некаде авансно сме платиле или слично за да ги обезбедиме тие количини. Ако продолжиме да порачуваме вакцини „Спутник“, следна веројатно е „Астра Зенека“, па нови количини од „Фајзер“, па нови количини од „Синофарм“ и ќе се затекнеме да има пет милиони вакцини во државата. Тоа е недозволиво заради рационалноста и наменското трошење на јавните пари. Затоа сме направиле договори толку колку што имаме потреба согласно националниот план за вакцинација на граѓаните во Република Северна Македонија. Ако се откаже дел од нарачките и се анулира дел од нарачката веројатно следни за нарачка ќе бидат токму „Спутник“ вакцините, рече Заев.

Вчерашните податоци на Инстиитутот за јавно здравје покажуваат благ пораст на бројот на заболени од Ковид-19. Според вчерашниот извештај, во претходните 24 часа се евидентирани нови 449 случаи на заболени од Ковид-19, 227 оздравени пациенти и 10 починати лица.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 6.735 од кои 2.952 се во Скопје. Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во низ земјава е 622, има околу 420 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Од почетокот на епидемијата со коронавирусот во нашата земја вкупно се регистриарни 99.031 заболени лица, бројот на оздравени пациенти е 89.249, а на починати е 3.047.

Next Post

Се бележи тренд на намалување на аерозагадувањето во Скопје, според институциите тоа е резултат на досега преземените мерки

НАЈНОВО

Фон дер Лајен: На пациентите и преживеаните од рак мора да им обезбедиме достоинствен живот

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Деми Мур: Том Круз се чувствуваше „помалку непријатно“ поради мојата бременост за време на снимањето на A Few Good Men

October 28, 2025

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk