ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, вчера во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против Сашо Мијалков заради постоење на сомнение за евентуално бегство, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
Премиерот Заев изјави дека е разочаран, но очекува исчезнатиот Мијалков да биде пронајден и да се соочи со правдата. Тој најави дека доколку тоа не се случи, ќе побара одговорност.
Универзитетскиот професор Борче Давитковски за тоа дали се валидни потписите кои ги собира ВМРО-ДПМНЕ против одржувањето на претстојниот попис, вели дека станува збор за егзибиционизам кој нема правна потпора. Според Давитковски ова неформално собирање потписи не значи ништо.
Откако професорот Борче Двитковски се изјасна за собирањето потписи за саботажата на пописот, Мицкоски на Твитер упати навреди кон него.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја продолжува дводневната посета на Обединетите Арапски Емирати со средба со неговиот емиратски колега Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
Мнозинството во Собранието и коалиција во Владата се стабилни, посветени на реализација на утврдените цели и програми, во интерес на граѓаните, пишува во соопштението на СДСМ.
Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација, додека неделава се очекуваат и првите информации за вакцини од Европската Унија, од директниот договор со „Фајзер“ и од Ковакс механизмот, а неделава се очекуваат и вакциналните дози од Кина.