Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.
Премиерот Заев се огласи на социјалните мрежи околу појавувањето на Мијалков пред ЈО, велејќи дека правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!
Специјалниот претставник на Владата Бучковски вели дека првата шанса за деблокада од Софија е мај или јуни, по промовирањето на новата бугарска влада.
Не може да се зголеми опфатот на деца во градинките, вели министерката за труд и социјална политика Шахпаска. Според Шахпаска, во моментов се јавува недостиг на места во градинките, иако, како што рече, има околу 9000 деца кои не одат во градинка, а согласно условите во протоколите обезбедиле место.
Министерот за здравство Венко Филипче утре, во 13.30 часот, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.
Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вели дека има најава за четири нови инвестиции со вредност од над 300 милиони евра и нови 2000 работни места.
Девизните резерви се во сигура зона, а расположливите податоци за последниот квартал од 2020 година упатуваат на поповолни движења во домашната економија, оценува Народната банка во објавената месечна информација.
М. М.







