Уставниот суд вчера поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, што му овозможи на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, да ги поништи помилувањата кои самиот ги даде во април 2016 година за 56 лица, меѓу кои речиси целокупниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека петтемина уставни судии со прифаќањето на иницијативата поднесена уште во 2016 година, го отворија патот, сите 56 лица, кои Иванов ги помилува, и потоа си ги поништи одлуките, да бидат целосно ослободени од кривичниот прогон, пишува А1Он.
Од судот посочиле дека во повеќе држави-членки на Европската Унија од кои што било побарано мислење, не постои можност за повлекување на даденото помилување.
Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, беше помилуван најмногу, 16 пати. Поранешната министерка за внатршени работи, Гордана Јанкулоска беше помилувана 11 пати, ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков шест пати, бегалецот Никола Груевски пет пати, исто толку и Мартин Протоѓер.
Целиот текст можете да го прочитате на А1Он.