ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мечето Ушко, борецот за живот, не живее повеќе

Мечето кое во 2015 година беше пронајдено во близина на Тетово, повредно на задните нозе и згрижено во соседна Грција, почина поради проблеми со бубрезите. Од грчката невладина организација за заштита на дивиот свет и животната средина „Арктурос“ велат дека „Ушко, борецот за живот, не живее повеќе“

November 29, 2019 11:30
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мечето кое во 2015 година беше пронајдено во близина на Тетово, повредно на задните нозе и згрижено во соседна Грција, почина поради проблеми со бубрезите. Од грчката невладина организација за заштита на дивиот свет и животната средина „Арктурос“ велат дека „Ушко, борецот за живот, не живее повеќе“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со голема жал соопштуваме дека Ушко, борецот за живот кој успеа да стане првата мечка во светот што се движи со инвалидска количка, не живее повеќе. Ушко беше мечка пример за сите и симбол на волјата. Инвалидитетот на задните нозе не претставуваше пречка, ниту ја ограничи неговата желба за живот и игра, пишуваат од „Арктурос“ кои го згрижија малото кафено мече пронајдено кај нас.

Тие велат дека Ушко бил пример за сите нив, бидејќи во краткиот животен век ги научил колку е важно „да се бориш и да не се откажуваш, дури и кога сè околу тебе изгледа тешко и невозможно“.

Откако беше пронајдено повредено малото кафено мече на околу тримесечна возраст, во јули 2015 на иницијатива и по барање на одговорните на Македонското еколошко друштво, Ушко беше префрлен во Грција, а грижата за него ја презеде „Арктурос“.

Првите испитувања, тогаш, беа направени на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Солун и му беше дијагностицирана скршеница на ‘рбетот. Повредата беше толку голема што не можеше да се направи интервенција ниту во Грција, ниту во странство, па така, единственото решение беше употреба на специјално направено помошно средство на две тркала во вид на инвалидска количка за Ушко да може да се движи, а со тоа стана и првата мечка во светот со инвалидска количка.

Next Post

Диносаурус кој ги менувал забите на два месеца

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk