ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Утре навршува една година од првиот регистриран случај на ковид 19 во земјава, досега над 100.000 заразени

February 25, 2021 07:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот случај на коронавирус во нашата земја беше потврден на 26 февруари 2020 година или пред една година. Првата македонска државјанка која беше потврден случај е родена 1970 година и според податоците на здравствените власти, се вратила заразена со вирусот од Италија- тогашниот епицентар на коронавирус во Европа.

Таа во меѓувреме се излечи и беше отпуштена од болница, но остана генералниот став дека првичните кластери на болеста во земјава се формираа од повратници од странство.

„Стигнаа резултатите за пациентката којашто денеска во раните утрински часови беше хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19, што значи дека таа е првиот пациент во Скопје дијагностициран за заболена со овој причинител, изјави министерот Венко Филипче на 26 февруари 2020 на прес конференција.

Прв смртен случај од Ковид-19 во Северна Македонија

Министерот за здравство Филипче, на 22 март 2020 година соопшти дека е потврден првиот смртен случај како последица на коронавирусот.

„За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена којашто имала 57 години. И двата теста иницијално покажале негативен резултат, но и покрај негативните резултати поради тоа што болеста била типична за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен по констатација на смртта вчеравечер и тој бил позитивен“, информираше Филипче.

Актуелен биланс: Над 100.000 заразени за една година, повеќе од 3.000 смртни случаи

Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден, информираше дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Заклучно со изминатите 24 часа, направени се вкупно 509.720 тестирања на ковид-19.

И. Т. З. 

Next Post

Седница за пратенички прашања

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Фото: илустрација Фронтлајн

Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

May 14, 2026
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 14 мај 2026: Фаза на материјализација и стабилност

May 13, 2026

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

May 13, 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

May 13, 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

May 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk