ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дескоска: Собранието да го спречи активирањето на пoмилувањата на Иванов

Министерката за правда Рената Дескоска денеска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со цел, како што наведе, да се спречат секојдните обиди од различен тип за избегнување на правдата и обезбедување на неказнивост за сериозни кривични дела

November 29, 2019 13:39
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за правда Рената Дескоска денеска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со цел, како што наведе, да се спречат секојдните обиди од различен тип за избегнување на правдата и обезбедување на неказнивост за сериозни кривични дела, пренесе МИА.

– Тие обиди се движат од постојано одложување на судските постапки со цел да се опструира носењето на судски одлуки, до иницирање постапки пред Уставниот суд за укинување на членови од Кривичниот законик, а сега и од Законот за помилување. Целта на сите овие манипулативни обиди е постигнување на неказнивост за кривичните дела кои беа предмет на Специјалното јавно обвинителство, а кои сега ги продолжи редовното обвинителство. Со отварањето на вчерашната постапка од страна на Уставниот суд за оценка на членот 11-а се заканува голема опасност за иднината на постапките кои се водат за и врз основа на прислушуваните материјали. Јас не сакам да прејудицирам, ниту да влијаам на било каква одлука на Уставниот суд, но за да се спречи активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Иванов, изјави Дескоска конференција за ставање карја на насилтсвото врз деата на запаен Балкан

Таа го повикува Собранието да ги искористи механизмите кои ги има и со свое автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување да го потврди тоа што го тврди стручната јавност, а тоа, како што наведе, е дека членот 11 на кој Иванов ги засноваше своите масовни помилувања, не постоеше, односно дека одлуката на Уставниот суд од март 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, не го оживеа стариот член 11 од законот.

– Во рацете на Собранието е еднаш за секогаш да го затвори ова прашање и да оневозможи оживување на незаконските помилувања на Иванов. Министерството за правда ќе поднесе иницијатива до Владата да побара автентично толкување од Собранието, но тоа секако уште денес можат да го сторат и пратениците кои покрај барање за автентично толкување може да бараат и итна седница на Собранието за ова прашање. На ова прашање ќе се види кој е за правда и казни за оние кои се огрешиле од законот, а кој е за амнестија и помилување. На ова прашање ќе се види кој го разбира концептот на нулта корупција како концепт на казнивост на корупцијата, а кој како концепт на помилување на корупцијата. Пред пратениците од сите пратенички групи е како ќе се постават во овој случај – како поддржувачи и застапници на правдата или како слуги на криминалот, истакна Дескоска.

Министерката семта дека има доволно време да се донесе автентично толкување во Собранието ако има политичка волја кај пратенциите. Очекува поддршка од сите партии во Собранието и да ја потврдат на дело повеќепати повторуваната реторика за правда и правна држава.

Од Уставниот суд, пак, очекува се држи до Уставот и законите, и да ја испочитува постапката и роковите за носење на одлуката.

Дескоска смета и дека ова аиницитива не треба да влијае на одржувањето на предвремните парламентарни избори во април догодина.

Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка за оценување на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година. Членот 11 – а овозможува претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Тоа, според правните експерти, може директно да влијае врз актуелните обвиненија и истраги, и предметите што ги почна СЈО врз основа на прислушуваните разговори.

Next Post

Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk