ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Траекторија“: Вешто лице тврди дека се направени некои грешки во вештачењето

Со вкрстено испрашување на вешто лице, во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Траекторија”, кој се однесува на постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

November 29, 2019 14:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со вкрстено испрашување на вешто лице, во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Траекторија”, кој се однесува на постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, пренесе МИА.

Вештото лице, кое правело вештачење на патот Кичево-Охрид, на прашање на бранителката на обвинетите рече дека во вештачењето фалат некои делови, кои според него од технички причини не се впишани.

– Сме направиле некои грешки во вештачењето и неможам да кажам дека целосно е точно она што е напишано, бидејќи работевме во ексел и најверојатно не сме го сочувале документот, одговори вештото лице.

Тој рече дека во моментов му е поминат рокот на важност на лиценцата и не се наоѓа во регистарот на лиценцирани вештаци.

На прашање на одбраната на обвинетите, вештакот истакна дека договорот меѓу Синохидро и ЈПДП е според прописите на „Црвената книга“, која содржи стандарди за потпишување договори.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Случајот се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во Судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот. Судечкиот совет, по барање од адвокатот по службена должност што му беше одреден на Груевски, на кого му се суди во отсуство, констатирал застареност на случајот поради истекот на шест години од стореното дело, а без правосилна пресуда.

Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Next Post

Вработените во „Амазон“ Германија на „црн петок“ штрајкуваат заради плати

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk