ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проширен објектот од кумановската градинка „Ангел Шајче“

February 27, 2021 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети објектот „Синоличка“ од кумановската градинка „Ангел Шајче“ чиишто капацитети се проширени.

Министерството вложило средства за проширување на објектот кој ќе го користат 37 деца во две групи, јасли од девет до 18 месеци и деца од три до шест години во  билингвална паралелка на македонски и на албански јазик.

Општина Куманово вложуваше во подземната инфраструктура, установата во врати, прозорци, приодни патеки, ограда.

– МТСП заедно со Владата сериозно вложува во претшколското образование на најмладите, особено преку изградба на нови градинки, проширување на постоечките капацитети, меѓутоа и во вложување на професионалните компетенции на вработените, стручните кадри кои работат со најмладите. Свесни сме за значењето што претшколското воспитување и образование го има во изградбата на идните градители на нашето општество, изјави Шахпаска.

Таа потенцираше дека Владата и општина Куманово заеднички вложуваат во проекти во подобрување на услови за престој на најмладите, посочувајќи, дека концептот „Едно општество за сите“ функционира во Куманово.

– Тоа е една успешна приказна за поздравување, затоа што убавината на општеството ја даваат различностите кои го креираат тој мозаик. Имено, директорката ме извести дека тука ќе профункционира трета билингвална група каде што децата и Македонци и Албанци ќе се дружат во оваа група заедно, за нивното воспитување и згрижување ќе се грижат воспитувачки кои говорат македонски и албански јазик, изјави Шахпаска.

На ниво на кумановската градинка функционираат уште две вакви групи, и македонско-албанска и македонско-српска група, посочи министерката и додаде дека тоа овозможува децата да го учат јазикот на другарчето кое доаѓа од друга етничка група.

Шахпаска најави дека ќе работат вакви проекти и истакна дека во овој објект само едно дете било заболено од Ковид-19 што, според неа, го покажува одговорното однесување на вработените и почитување на мерките. Таа посака успешна работа на установата, а на градоначалникот проекција на нови капацитети.

– Да го исполниме нашето ветување пред граѓаните дека до 2024 година, 60 проценти од нашите дечиња од предучилшна возраст ќе бидат сместени во градинки, рече Шахпаска.

Градоначалникот Максим Димитриевски се заблагодари на сегашниот и претходниот министер во Владата, за вложениот напор за проширување на објектот. Тој истакна дека општината вложила во подземната инфраструктура.

– Целта е да се зголеми капацитетот, да се зголеми бројот на слободни места во детските градинки во Куманово. Ја користам приликата да се заблагодарам на директорот, на вработените во градинката за придонесот кој го даваат за згрижување на нашите најмали, изјави Димитриевски.

Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово има осум објекти и два центри за ран детски развој и со сегашното проширување капацитетот се проширува од 1.191 на 1.228 деца, конкретно во овој објект од 127 на дополнителни на 164 деца.

извор: МИА

Next Post

Николовски: Во вторник ќе објавиме голем акциски план за борба против корупцијата и криминалот

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk