Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 22 до 28 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 315 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 10 лица. Бројот на активни случаи изнесува 658, а 75 лицa се наоѓаат на болничко, 499 на домашно лекување, а 84 се лекуваат во дневната болница.
Во домашна изолација и самоизолација заклучно со денеска се наоѓаат 470 лица.
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 во Прилеп изнесува 5.431, а од вирусот починале 264 лица.
Дополнително, од Центарот за јавно здравје информираат дека од почетокот на пандемијата евидентирани се 8 случаи на реинфекција со вирусот Ковид-19.