ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МНР: Македонската и хрватската заедница придонесуваат за одличните односи меѓу нивните матични земји

March 2, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Односите и соработката меѓу Северна Mакедонија и Хрватска се во постојана нагорна линија и во последните три децении континуирано се надградуваат со зајакнување на политичкиот дијалог, економската соработка, културната, трговската  и туристичка размена. За тоа придонесуваат и нашата заедница во Хрватска  и на хрватската во земјава, кои преку низа активности остануваат во постојан контакт со својата матичната држава, култура и јазик, а воедно придонесуваат во квалитетот на нашите одлични билатерални односи и соработка, соопшти Министерството за надворешни работи.

Заменик-министерката Фатмите Исаки денеска имаше средбата со Звонко Милас, државен секретар во Државната канцеларија за Хрватите надвор од Хрватска. Двајцата се копретседавачи (од македонска и од хрватска страна) на Меѓувладината мешовита комисија, која го следи остварувањето на малцинските права, согласно со Спогодбата што двете држави ја потпишаа во 2007 година.

– Го поздравивме фактот што двете влади имаат многу позитивен однос кон прашањата за малцинствата кои претставуваат комплексни теми. Малцинствата ги споделуваат истите проблеми со кои се судираат сите граѓани во една држава  – почнувајќи од актуелната пандемија до социоекономските прашања, но, истовремено имаат и дополнителни предизвици поврзани со зачувување на нивниот културен и национален идентитет, а пред се заштитата на културното наследство, образование и негување на мајчиниот јазик. Факт е дека државјаните на Република Северна Македонија кои живеат во Хрватска се исклучително задоволни од остварените права и ние како нивна матица сме благодарни за  поддршката која Хрватска ја дава во оваа смисла, рече Исаки.

Таа посочи дека на последната средба на Меѓувладината мешовита комисија во Загреб на 8 октомври 2019 година било оценето дека има позитивен исчекор во исполнување на преземените обврски од македонска страна што дава поттик и ентузијазам, како што вели, да се осмислуваат и спроведуваат активности што ќе ја продлабочат соработката во оваа сфера.  

– Честите средби на членовите на Комисијата, како денешната,  покажуваат дека постои интерес од страна на нашите влади процесот да оди напред. Затоа однапред се радувам на претстојната петта средба во Скопје, за која верувам дека во конструктивна атмосфера ќе одговориме на поставените задачи и заеднички стремежи, рече заменик-министерката Исаки.

извор: МИА

Next Post

Битиќи-Бесими: Отворената и постојана комуникација, како и инклузивноста се клучни за креирање на системски решенија за подобро деловно опкружување

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk