Љубомир Данаилов Фрчкоски нема да биде македонски амбасадор во Вашингтон, САД. Според сознанија, наводно тој не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција, бидејќи земјата-домаќин изразила одредени резерви кон него.
Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот, вели Османи.
Во текот на овој месец сигурно ќе почне имунизацијата на населението, заради тоа што очекуваме, според најавите, една одредена количина преку Ковакс системот и ги очекуваме руските вакцини, изјави министерот Филипче.
Владата задоволна од изгласаната доверба и бара деблокирање на Собранието, а опозицијата и натаму го оспорува парламентарното мнозинство. Премиерот Заев вчера од Штип порача дека е среќен и благодарен за поддршката од мнозинството во Парламентот, додавајќи дека тоа е основа Владата да продолжи да работи.
Новата и модернизирана преносна мрежа значи инвестиција во подобро утре и олеснување на животот и работата на граѓаните. Врските со соседите значат електроенергетска стабилност што е основа за секоја просперитетна економија, објави Премиерот на Фејсбук.
Една од највлијателните невладини организации во Бугарија „Спаси ја Софија“ чија иницијатива има за цел да ги идентификува проблемите во главниот град на Бугарија и да предложи адекватни решенија, на својата фејсбук страница која брои повеќе од 100 илјади фанови, објавува компарација помеѓу велосипедските патеки во Скопје и Софија.
Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство, сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази итн, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обивнителство, изјави Спасовски во врска со случајот на Сашо Мијалков.
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, информира европратеникот и известувач за земјава Илхан Ќучук.
Адресата на улица „Леге“ број 6 во софиската општина Средец е регистрирана како „живеалиште“ на десетици илјади бугарски државјани по потекло од странство, меѓу кои најголем број се Македонци кои поседуваат државјанство на Бугарија, објави БГНЕС.
Граѓани, компании и институции минатата година купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 10,06 милијарди денари (163,7 милиони евра), покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
M. Миткоска







