ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Иницијатива на 38 граѓански здруженија за сестрана заштита на Водно

March 5, 2021 15:06
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Нацрт-одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, граѓанското здружение „Го сакам Водно“ и „O2 Иницијатива“ денеска во Градскиот парк одржаа прес-конференција на која го презентираа ставот на 38-те граѓански здруженија и иницијативи кои доставија барање до Владата за сестрана заштита на Парк-шумата.

На прес-конференцијата се обратија и експерти и претставници од релевантни институции, за аспекти поврзани со ерозивните и просторни процеси, интегралната заштита и иднината на планината Водно.

– Во однос на оваа постапка, „Го сакам Водно“ како граѓанска иницијатива е инволвирана уште многу одамна, учествувавме на сите јавни расправи во Град Скопје, како и на јавната расправа во Министерството за животна средина и просторно планирање, но сметам дека сепак целата постапка не доби транспарентност каква што требаше да има. Јавните расправи на кои се разгледуваше оваа одлука за репрогласување на заштитата на Водно имаше многу негативни забелешки, што беа доставени но наидовме на игнорирање на истите, вели Татјана Стојановска од граѓанското здружение „Го сакам Водно“.

Здруженијата засегнати за оваа одлука поднесоа и барање до премиерот Зоран Заев, во однос на повлекување на постапката, бидејќи сметаат дека во моментов е потребно да се формира експертска комисија, со цел јавно да се дискутира оваа проблематика.

Продеканката на Шумарскиот Факултет, Македонка Стојановска посочи дека Факултетот е против иницијативата за прогласување на Водно за заштитно подрачје од петта категорија. Стојановска наведе неколку причини зошто Факултетот не ја поддржува оваа одлука.

– Ако ги земеме фактите дека Водно е вештачки пошумено и дека до 50-тите години било голина што правела проблеми на тогашните жители на Градот Скопје, како може оваа вештачки облагородена површина на планината да се вметне во Законот за заштита на природа, во кој се заштитуваат и вреднуваат природните вредности, посочи Стојановска.

Душица Трпчевска Ангелковиќ, раководител на Секторот за просторно планирање од Агенцијата за планирање на просторот истакна дека во моментов не постојат технички услови за изработка на просторен план за Водно и додаде дека Планот за заштита на природата има и дел, што е помалку познат и говори дека Планот за управување со заштитеното подрачје треба да биде во согласност со просторниот план и задолжителна е изработка на просторни планови за заштита на подрачјата од прва категорија, односно за Националните паркови, а по потреба и за заштитените подрачја од пониска категорија, како што е случајот со Водно.

Таа додаде дека е потребно да се донесе посебен Закон за Водно, во кој точно ќе се утврди дека тоа што на планината и е потребно е План за интегрално управување, а не План за заштита на природата.

Васко Стојов, раководител на Секторот за хидрологија говореше за тоа дека Водно треба да се третира и од хидролошки аспект, односно како хидротехнички објект.

– Во 1951 година на Скопје му се случи катастрофа од поплави предизвикани од поројни дождови што паднале на планината Водно и предизвикале катастрофа, што довело до тоа да се воведат најразлични акти, правилници и одлуки со цел да се забави брзината на движење на поплавните води. Водно тогаш било третирано со цел да се заштити Скопје, вели Стојов.

Тој објасни дека денес планината е запоставена и не се потребни податоци од светот во однос на климатските промени, доволни се податоците од Управата за хидрометеоролошки работи што укажуваат на зголемување на температурата под дејство на човекот, што доведува до испарување и појава на суша.

Професорот Иван Блинков посочи дека шумата е подложна на разни абиотски и биотски проблеми, односно појава на штетни инсекти, болести на дрвјата, но и шумски пожари. Тој го истакна фактот дека на Водно на годишно ниво во просек има околу 40 шумски пожари, што не значи дека треба да се врати во состојбата од 1950 година.

Блинков истакна дека останува на граѓаните да одлучат и проценат што е добро за нив, безбедност или заштита на подрачјето на Водно.

извор: МИА

Next Post

Министерот Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk