ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Пристигнаа 3 000 дози од руската вакцина „Спутник В“, продолжува процесот на имунизација

March 7, 2021 15:33
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пристигна првата пратка на руската вакцина „Спутник В“ во нашата земја. Ова е прва количина од 3000 дози, со тоа што ќе се обезбеди континуитет на процесот на имунизација што веќе започна во земјава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по приемот на пратката на меѓународниот аеродром во Скопје.

Министерот посочи дека и во текот на следните денови ќе ја продолжат интензивната комуникација со цел да разговараат и да се организира и динамиката на доаѓањето на следните количини.

Тој изјави дека вкупно нарачани се 200 илјади дози.

Вакцината е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански“. Пратката е преземена преку службата на ДХЛ од Москва во Белград каде стигнале и одредени количини за Србија, заедно со овие 3000 за нас.

-Станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие дози ќе се користат за прва вакцина. Продложува процесот на имузација во доменот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани и онака како што е предвидено во националниот план за вакцинација, рече Филипче.

Тој изрази благодарност до амбасадорот на Руската Федерација во Северна Република Македонија, Сергеј Баздникин, за неговиот личен ангажман овие количини во земјава да пристигнат што побрзо.

Амбасадорот Бездникин кој исто така денеска присуствуваше на приемот на оваа прва пратка вакцини рече дека е убеден оти ова ќе биде од голема важност за спасување на човечките животи, но и враќање на македонската економија во траекторијата на раст.

-Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности. Имаме многу конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме спремни да ја прошируваме врз нови области на основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси, рече амбасадорот.

Според Бездникин, добро се знае дека Спутник е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот. Тој рече дека вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега станува со право светски „бестселер“.

-Со Северна Македонија вакцината е регистрирана во 46 земји во светот вклучувајќи неколку држави во Европската Унија. Сега е во тек забрзана постапка во Европска агенција за лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашните лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за Спутник да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО, да се користат за во вонредни ситуации, додаде амбасадорот.

Тој им посака на сите добро здравје, а на храбрите македонски лекари и медицинскиот персонал им посака брза победа во борба против пандемија во која, како што посочи, оваа руска вакцина ќе биде вредно оружје. /МИА/

Next Post

Баздникин нема да се вакцинира со „Спутник В“од првата пратка

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk