ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Помина првиот полициски час, санкции за оние кои нема да ја почитуваат мерката

March 11, 2021 08:11
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Помина првиот седумчасовен полициски час кој се воведува како рестриктивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Од синоќа од 22 часот до 05 часот утринава беше ограничено движењето на граѓаните, а на терен беа полициските службеници кои вршеа контрола.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој синоќа направи обиколка на неколку пунктови, порача дека мерката мора да се спроведе во целост и оти нема да има отстапки за никого.

– Оваа е мерка која никој не ја посакува, но е неопходна ако сакаме да го прекинеме ланецот на ширење на вирусот и токму заради тоа мораме сите да се придржуваме кон неа. Очекувам, како што започнавме оваа вечер, преку почитување на оваа мерка за забрана за движење, заеднички да придонесеме во наредните 14 дена да имаме намалување на ширењето на вирусот, стабилизација на состојбата и зачувување на здравствениот систем. Убеден сум дека заедно ќе ја добиеме и оваа битка против Ковид-19, изјави Спасовски.

ој апелираше до граѓаните да ја почитуваат мерката, а за оние кои нема да го сторат тоа најави прекршочни и кривични санкции.

Одлуката за полициски час ја донесе Владата завчера на предлог на Комисијата за заразни болести, која очекува дека со оваа мерка ќе се спречи натамошниот пораст на бројот на заболени и хоспитализирани лица.

Полицискиот час ќе трае до 22 март, а отстапки од забраната за движење ќе има за оние граѓани кои имаат потреба од итна медицинска помош. Одлуката за забрана за движење нема да важи и за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници. За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

За останатите граѓани, движењето во периодот од 22 часот до 05 часот ќе биде дозволено само со дозволи. Ќе важат истите дозволи кои важеа и минатата година кога беше воведен полициски час. На оние кои ги изгубиле дозволите, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ќе им издаде нови.

Одлуката за полициски час беше донесена по зголемениот број на заразени и хоспитализирани лица.

Владини претставници во изминатите денови во изјави за медиумите посочија дека полицискиот час е неопходна мерка и апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера изјави дека не било лесно да се донесе одлуката за полициски час, но оти тоа се прави за да не дојде до порестриктивни мерки.

– Треба да направиме се за да го забавиме покачувањето на бројките на заразени за да одговориме адекватно како здравствен систем и како држава. Одлуката дојде по искуството од веќе една година. Целта е економските оператори да можат непречено да работат, а единствените рестрикции се само за граѓаните што е доволен сигнал за сите, млади и повозрасни, да сфатат дека во оваа битка со непознатиот непријател едно е најважно – нашето здравје. Се друго, економски последици, изгубени работни места – ќе се надомести, истакна вчера Битиќи.

Од Владата најавија дека ќе ја следат епидемиолошката состојба и оти следните мерки ќе бидат носени согласно тоа како таа ќе се развива.

Првите мерки за заштита од коронавирусот беа донесени пред една година./ МИА/.

Next Post

Предавање на јапонски експерти за аерозагадувањето во Скопје

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk