Холокаустот е најголемото злосторство во современата историја на човештвото, а сеќавањата на жртвите секогаш ќе биде наша должност – Никогаш повеќе да не се повтори!, напиша премиерот Зоран Заев.
Каракачанов објави список од „истакнати“ имиња од С. Македонија, што имаат бугарски пасош врз основа на декларирано бугарско потекло. Каракачанов во објавата наведува имиња и додава дека секое совпаѓање на имиња со луѓе кои имаат водечки политички и јавни функции во Македонија може да биде и случајно. Меѓу имињата се Александар Николоски – запишан во областа Средец – Софија, Антонио Милошоски – запишан во областа Вазараждане – Софија, Александар Пандов – Средец…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше во обиколка на неколку пункта за да види како се спроведува полицискиот час, порача дека оваа рестриктивна мерка мора во целост да се спроведе и оти нема да има отстапки за никого.
Помина првиот седумчасовен полициски час кој се воведува како рестриктивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Од синоќа од 22 часот до 05 часот утринава беше ограничено движењето на граѓаните, а на терен беа полициските службеници кои вршеа контрола. Полицискиот час го прекршиле 12 лица, 408 санкции за неносење маска.
Вчера почна вакцинацијата со руските вакцини „Спутник В“. До вчера попладнето беа вакцинирани околу 120 лица. Во исто време продолжи и ревакцинацијата со вакцините „Фајзер“. Во меѓувреме вчера беа регистрирани нови 913 случаи на Ковид-19 од направени 3.707 тестирања. Шеснаесет лица починаа, а оздравеа 351 пациент.
Да се качиме на чамецот… Или не? Овој текст не е за утеха, туку само обид за констатирање на дел од фактите за корупцијата во време на пандемија и неколку други тешки состојби што ги придружуваат. Не грижете се, секогаш е отворена можноста да биде и полошо… Но на крајот од овој напис ќе откриете и светлина во тунелот (ве молам, прочитајте до крај), пишува Џабир Дерала.
Сите „се крстат“ во ДКСК, иако Комисијата, реално, не може да биде „соборната катедрала“ што може и треба да ги собере сите „верници“ кои бараат (или гонат) правда во општеството, пишува Сашо Ордановски/ЦИВИЛ МЕДИА
М. Миткоска





