ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стерјовски испиша историја со обраќањето на македонски јазик во албанскиот Парламент

March 16, 2021 12:31
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски денесka запиша уште еден историски настан за Македонците во Албанија.

Тој не само што е прв пратеник, кој јавно се декларира како Македонец, денеска првпат се обрати на македонски јазик од собраниската говорница во албанскиот законодавен дом.

-Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во сто и првата годишнина од Собранието на Република Албанија да бидам првиот пратеник кој се декларира за Македонец. Јавностa преку парламентарната говорница слушна за Македонците во Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник, за Македонците низ цела Албанија, рече тој на почетокот од обраќањето.

Додаде дека достојно ги претставувал Македонците во Албанија, како и сите  граѓани од округот на Корча.

-Се борев за подобрување на условите за живот и работа на Македонците во Албанија, ги подржав сите закони за евроатланските интеграции. Благодарност до Владата што го одобри проектот вода за пиење на општина Пустец од 4 милиони евра, благодарност за поддршката од колегите пратеници, посочи тој.

Рече дека се гордее што бил гласот на Македонците, на сите малцинства во Албанија и се борел за општество на еднакви пред Уставот и законите.

-Почитувани сонародници, бидете горди Македонци и лојални државјани на Албанија, негувајте ги македонскиот јазик, култура, историја и традиции бидејќи и тие cе нераскинлив дел од Албанија, порача Стерјовски во неговото обраќање на македонски јазик,  што е прво во историјата на албанскиот Парламент.

Стерјовски во албанскиот Парламент влезе во мај 2019 година и во оценувањето на активноста на пратениците редовно е меѓу најактивните, главно со прашања кои ги тиштат Македонците во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, каде нивната концентрација е најголема, но и прашања кои ги мачат жителите на округот Корча од каде и е пратеник.

Тој на парламентарните избори на 25 април е на кандидатската листа на Социјалистичката партија, исто така во Изборната единица Корча.

извор: МИА

Next Post

Во Европа од почетокот на пандемијата од Ковид-19 починале над 900 илјади луѓе

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk