ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на претседателот Пендаровски со претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

March 16, 2021 14:44
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Елвис Шаќири, извршен директор и Алберт Мемети, менаџер на програмата за економски развој на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и претставници на граѓанското движење „Аваја“.

На средбата, како што сооопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски бил информиран за активностите на Ромалитико и Граѓанското движење „Аваја“, како и за предизвиците со коишто се соочуваат во реализирањето на нивните приоритети во насока на унапредување на севкупната положба на ромската заедница.

-Соговорниците се осврнаа на целите, содржани во тригодишната стратегија на институтот, а кои се однесуваат на зголемување на политичкото претставување на Ромите и обезбедување добро владеење на избраните функционери, искористување на фондовите за директна поддршка на ромската заедница, остварување на правата на ромската заедница загарантирани со Охридскиот рамковен договор, канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агендата преку таргетирани и мејнстрим јавни политики, како и сензитивизирање на националните и локалните институции за антициганизмот. На средбата се дискутираше и за принципот за правична застапеност, престојниот попис, предлог законот за воведување на етничка припадност во личните карти, ромскиот јазик и други јавни политики кои заслужуваат заложба од надлежните институции, се вели восоопштението.

Во него се додава дека поздравувајќи ги активностите на институтот во промовирањето на правата на Ромите во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски нагласил оти обезбедувањето достоинствен и квалитетен живот, на сите граѓани подеднакво, е нужен предуслов за градење стабилно и просперитетно општество.

Во тој контекст, порачал претседателот Пендаровски, неопходен е заеднички ангажман, одговорен пристап и максимална посветеност, на сите чинители, во креирањето политики втемелени на демократските принципи и вредности.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислуваат скандали, граничните служби се обврзани да ги пропуштат сите патници

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk