ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Заев: Овозможивме услови судството независно да работи, важно е судските процеси да завршуваат со пресуди базирани на докази

March 16, 2021 21:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Постоеја сериозни сомневања дека за 11 години режим биле украдени милиони евра народни пари, украдени од граѓаните. Со тие средства сериозно може да му се наштети на системот. Не е лесно да создадете услови да се дочекаат пресуди на судски предмети. Но денеска не верувам дека на некој ќе му падне на памет незаконски да прислушува разговори затоа што казната за тоа е 12 години затвор, посочи претседателот Зоран Заев во одговор на новинарски прашања кои се однесуваат на актуелни судски случаи.
Секако, дополни претседателот Заев, дека овој процес не е конечно завршен, но дека е важно што судските случаи да добиваат разрешница преку соодветни постапки и базирани на докази.

„За мене, како претседател на најголемата политичка партија и претседател на извршната власт, важно е судските процеси да завршат со пресуди коишто значат констатирање на доказните постапки и законите. Ако нема докази, никој не е виновен, ако има докази, тогаш секој да одговора согласно законите. Драго ми е што можам да кажам дека денеска извршната власт овозможила услови судството независно да работи. Но истовремено, овозможивме одговорност, отчетност и транспарентност. Многу често знаеме да се повлечеме чекор или два назад, го слушаме гласот на граѓанире. Не треба ништо да не одврати од слободата, од демократијата, отчетноста и транспарентноста тие се најголемите гаранти за враќање на правдата, но и за отчетноста и  ефикасноста во работата на сите институции“ порача Заев.

Претседателот Заев посочи дека во целиот процес важна улога имаат и медиумите кои преку својата работа даваат придонес во зголемување на ефикасноста како на судството, така и на сите државни институции.

„Денес, преку медиумите, целиот народ е будното око на правдата и веројатно тоа овозможи транспарентни судски постапки кои сите можат да ги следат. И затоа медиумите даваат сериозен придонес во градење на ефикасна правна држава. Денес е слобода, денес нема купени медиуми, нема заплашени новинари. Да си ја чуваме слободата, слободата е таа која е гарант на сите важни општествени процеси“ заклучи претседателот Заев.

Next Post

СЗО го одложи објавувањето на извештајот за потеклото на вирусот

Shortcut

Најново

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

June 23, 2026

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk