ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН и ФИТР објавија нов повик „Предизвик за млади истражувачи#4– зелени проекти” за ученици од целата држава

March 17, 2021 13:45
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска и директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров, денес го објавија јавниот повик “Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти”, чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.

 

Предизвикот се спроведува по четврти пат и е дел од концептот кој го развива ФИТР – “Фонд за млади умови”.

„Политиките на државата насочени кон поддршка на младите и развој на нивниот потенцијал во последно време имаат една поинаква димензија, различен концепт и многу поголема енергија. Учениците основци и средношколци, студентите, младите истражувачи и научници сега се навистина во фокусот на институционалните заложби и тоа е видливо, токму преку обезбедувањето на повеќе финансиски средства и бројни можности какви што порано не биле достапни, а една од нив, како мерка од стимулативен карактер е токму овој Предизвик за млади истражувачи“, рече Царовска, информирајќи дека досега преку трите објавени повици биле поддржани 90 училишни проекти во кои учествувале повеќе од 500 ученици и наставници од целата држава.

Таа очекува и оваа година да има голем интерес за учество на повикот, затоа што, како што рече познавајќи ја креативноста на младите умови во нашите училишта и желбата да придонесат за нивната средина да биде подобро место за живеење во иднина, убедена сум дека ќе пристигнат голем број иновативни проекти.

Повикот е наменет за сите основни и средни училишта, кои можат да аплицираат со истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, организирани во тимови од пет до десет ученици предводени од еден до двајца ментори. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а резултатите од истражувачкиот проект треба да бидат применливи во зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот.

“Младите и нивниот креативен потенцијал се генератор на економскиот развој и иднината на нашата земја. Со овој предизвик, на младите истражувачи сакам да им порачам дека нашата земја нуди перспективни можности и услови за развој на нивните иновативни идеи и иницијативи. Ги охрабрувам сите ученици да бидат упорни, храбри и да истражуваат, додека ние како Фонд ќе ги наградиме нивните труд и посветеност. Започнете со работа на вашите соништа и креирајте успешен пример за останатите истражувачи” изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Вкупниот фонд за овој предизвик изнесува 3.000.000 денари, а максималниот буџет за поединечен предлог проект треба да изнесува до 200.000 денари. За наставниците кои ќе ги водат ученичките тимови, ќе биде обезбедена награда во износ од 30.000 денари, наменети за набавка на дигитална опрема применлива во наставниот процес.

Предност ќе имаат проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите, односно имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично, и се поднесени од училишта од рурални средини.

Предлог проектите кои ќе пристигнат во рамки на јавниот повик “Предизвик за млади истражувачи – зелени проекти” ќе се оценуваат според квалитетот на проектот, применливост на резултатите од истражувањето, усогласеност на предлог проектот со целите на јавниот повик и капацитет на проектниот тим.

Со цел да ги поддржи тимовите во процесот на подготовка на предлог-проектите, Фондот ќе организира повеќе инфо-настани. Предизвикот е отворен до 20.04.2021 година. Сите дополнителни информации, можат да се добијат на: www.fitr/predizvikzamladi

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почна откупот на вишокот тутун, министерот очекува до крајот на следната недела да заврши преземањето

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Без доминација и без јасна стратегија – албанскиот политички блок на раскрсница

October 22, 2025
Фото: Скриншот

Вонредно обраќање на Вучиќ по инцидентот и пожарот пред Собранието

October 22, 2025

Радмила Петровиќ на ПОЕТРОНИКА заедно со Оливер и Салпе на 29 октомври во Јавна соба

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk