ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Мираковска: Ќе се чека мислењето од Владата за ЗКП да расправа за барањето за автентично толкување

Барањето за автентично толкување се однесува на членот 11 од Законот за помилување. Законодавецот треба да го даде одговорот, има одредба, нема одредба, дали тоа значи имање процедура или не. Ако го барате мојот личен став – сметам дека членот 11 не постои затоа што во 2016 година со укинувањето на законот од 2009 може сите одредби да ги укине Уставниот суд, но не и да оживее одредба од законот од 2009, на која се повикува и претседателот за да даде помилување, рече Мираковска. Според неа, сепак ќе мора да се почека и мислењето на Владата

December 2, 2019 15:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Законодавно-правната комисија (ЗКП) ќе чека мислење од Владата пред да расправа за барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, соопшти денеска претседателката на Комисијата, Соња Мираковска, пренесува МИА.

– Барањето за автентично толкување се однесува на членот 11 од Законот за помилување. Законодавецот треба да го даде одговорот, има одредба, нема одредба, дали тоа значи имање процедура или не. Ако го барате мојот личен став – сметам дека членот 11 не постои затоа што во 2016 година со укинувањето на законот од 2009 може сите одредби да ги укине Уставниот суд, но не и да оживее одредба од законот од 2009, на која се повикува и претседателот за да даде помилување, рече Мираковска. Според неа, сепак ќе мора да се почека и мислењето на Владата.

На прашањето зошто се бара да се толкува одредба што е укината, Мираковска вели дека „можеби нема да се толкува“.

– Тоа е одлука која треба да се донесе – дали ќе се толкува или не. Но, во секој случај ЗКП, како матичното работно тело, ако се договориме, ќе побараме мислење и од Владата, рече Мираковска.

Мираковска додаде дека таа како претседател на ЗКП не може да си дозволи да поднесе барање за автентично толкување, но може да „менаџира“ одговор на тоа автентично толкување.

На прашањето зошто сега се актуализира ова прашање, пратеничката на НСДП вели дека „затоа што во овој момент е таква и реакцијата на Уставниот суд“.

– Во правната теорија е јасно дека таква една одредба не постои и Уставниот суд не би требало во моментот да го отвора прашањето. Таа одредба практично не постои. Штом не постои, претседателот практично направил амнестија врз основа на непостоечки закон. Додавањето на членот 11-а е врз основа на непостоечки член. Практично нема што да повлече, затоа што нема право да даде амнестија, рече Мираковска.

Според неа, сиве овие години СДСМ и коалицијата говореле дека поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов постапил неуставно и незаконски во однос на помилувањата.

Next Post

Мицкоски „демантира“ - прво бил хигиеничар, а СДСМ ја извртува вистината

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk