ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Сите вакцини се безбедни и корисни

March 19, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сакам да ги уверам граѓаните дека буквално секоја вакцина која што е сега присутна или допрва ќе влегува во нашата земја ќе биде безбедна за користење, порача денеска министерот за здарвство Венко Филипче. 

Тој појасни дека тоа што се создаде малку сомнеж, компликации, несакани ефекти од вакцината на „Астра Зенека“ и поради што неколку национални агенции на некои европски земји го запреа вакцинирањето, вчера, како што рече, дефинитивно го демантираше European Medicines Agency (EMA), во смисла да потврди дека вакцината е целосно безбедна и нема никаква директна причинско-последична врска помеѓу тие несакани ефекти и вакцината.

-И затоа сега сите европски земи коишто привремено ја запреа вакцинацијата ќе ја продолжат вакцината на „Астра Зенека“. И според нашите сознанија, деталните анализи на публикациите коишто излегуваат од овие несакани ефекти, анализата на упатствата од буквално сите вакцини коишто ги имаме и коишто ќе дојдат во нашата земја се, дека сите вакцини се безбедни и корисни и дека служат за вистинската цел за која што треба, а тоа е да спречат несакан смртен слуај од болеста или тешка форма на болеста, нагласи Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали масовната имунизација во земјава ќе почне со вакцината на „Астра Зенека“, Филипче рече дека сега навистина не може да каже.

-Имаме некои најави за тоа кога треба да стигнат вакцините на „Астра Зенека“. Тоа што сигурно го знаеме дека дефинитивно прва вакцина која што ќе стигне преку ковакс-механизмот е на „Астра Зенека“, доколку не стигнат кинеските вакцини претходно, тоа ќе биде „Астра Зенека“, изјави Филипче.

Прашан за вакцината против КОВИД-19 на „Фајзер, министерот Филипче појасни дека од наша страна на 30 декември лани имало остварено комуникација, а тие, како што рече, ни потврдија дека земјата ги исполнува условите да се потпише договорот и од тогаш траат сите разговори коишто бараат одредени измени, некои информации во делот на усогласување, така како што тие бараат со цел да се внесе вакцината во нашата земја. 

-Сега имаат и некои дополнителни барања пред два дена. Ние од наша страна го потпишавме договорот и го вративме, меѓутоа се уште не е вратен назад. Сега има некое дополнително барање коешто стигна пред три дена, а се однесува на обесштетување за евентуално нескани ефекти од вакцината.  И тука има некои специфични барања, интензивно разговаравме и во текот на изминативе два дена и денеска.  Утрово ги чекаме повратните информации од „Фајзер“. И самите се свесни и укажаа дека навистина долго време траат овие разговори со нив и јас верувам дека конечно ќе се финализираат, појасни Филипче.

Прашан дали како министер за здравство заедно со некои други политичари ќе се вакцинира со вакцината на „Астра Зенека“ за да ги увери граѓаните дека е безбедна, Филипче рече „дефинитивно да“.

-Имајќи предвид дека гледаме сега дека навистина скепсата е најголема во однос на таа вакцина, да, дефинитивно, изјави Филипче. 

извор: МИА

Next Post

Стојановски: Има ли нешто поодвратно во време на пандемија, да се клевети човек дека е ширач на заразата?!

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk