ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Застој на економијата поради пандемијата се чувствува и во Тетово

March 19, 2021 14:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Истакнатите натписи дека дуќаните се издаваат, се првичната слика која го прикажува намалувањето на економските текови во Тетово поради пандемијата со Ковид-19. Значителен е бројот на дуќани кои до минатата година работеле па сега веќе не функционираат, а објектите стојат празни и со натпис дека се издаваат. Празни дуќани има дури и во централното градско подрачје и околу зелениот пазар, места кои се сметаат за најатрактивни со објекти кои имаат највисока цена на месечниот наем.

-Ако во 2019 дуќанот бил на работ на профитабилноста, во 2020 година со пандемијата и намалување на економијата едноставно бил докусурен и бил приморан сопственикот да затвори. Во текот на минатата година работата на фирмите стагнираше и поради директно влијание на коронавирусот кај сопствениците и вработените. Пример, ако производствен погон имал работници кои биле болни, автоматски не можела фирмата да произведува, па се чекало да помине изолацијата и слично. Или, не работел бутик на пример затоа што продавачката се разболела и едноставно преку ноќ не можел сопственикот да најде замена, објаснува сметководителот Александар Кузмановски.

Тој смета дека генерално бизнисите се соочуваат со стагнација, но зависи од браншата. Соработува со околу четириесетина фирми, а неговите проценки се дека тие се соочуваат со стагнација во профитабилноста од 30 до 80 отсто.

-Најголем застој е кај фирмите кои се занимаваат со организирање свадби, рестораните и другите потребни услужни дејности бидејќи самата дејност едноставно не функционира. Потоа голем процент на намалување на производството/работата, а со тоа и добивката има кај дејности како што се производство на чевли, мермер, облека и слично. Тоа се дејности каде има од 70 до 80 отсто намалена работа затоа што потрошувачите во состојба на пандемија едноставно одлучуваат дека не им потребни тие продукти/производи или услуги. Сега населението најмногу се троши на храна и лекови и слично, па тие економски субјекти најмалку ја чувствуваат стагнацијата, објаснува тетовскиот сметководител.

Сепак постојат примери и кај тие фирми кои продаваат храна кои тврдат дека се многу погодени од пандемиската економска криза.

-Ние продаваме замрзната храна пред се на угостителски објекти, ресторани, кафани, ланч-барови, каде сега нема многу работа. Пред се кај оние ресторани кои се поврзани со ланецот на организирање на свадби.  Производите не можеме да го пласираме во маалските маркети затоа што се помалку ги има или имаат застој и тие. Во големите маркети како мала фирма не сме успеале да оствариме соработка и затоа стагнираме. Ние имаме платено кирија до јули и мислам дека потоа нема ова да го работиме. Ќе ни остане другата дејност со производство на малини, каде пак нема проблем со продажба, која се прави најмногу за извоз, но и тука. Таму проблем се временските непогоди, објаснуваат од фирмата „Литком“.

Од оваа фирма велат дека не успеале да добијат помош од државата затоа што за само три проценти не биле квалификувани да добијат поддршка. Искуството на сметководителот Кузмановски е половично, односно само половина од фримите користеле помош од државата за исплата на плати.

извор: МИА

Next Post

Шахпаска: Децата чија мајка е во притвор по пожарот во кој почина едно нејзино дете се згрижени и имаат 24-часовна психо-социјална поддршка

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk