Лицата коишто прележале корона да причекаат шест месеци пред да примат вакцина бидејќи имаат солиден имунитет и местото треба да им се препушти на оние коишто воопшто немаат имннитет против вирусот, рече во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, Александар Петличковски.
„Најразумен пристап во моментот за нас е тие што ја прележале болеста да причекаат шест месеци и потоа, веројатно ќе се кристализира оваа стратегија – тие со прележана болест да примат само една доза, мислам дека натаму оди во Европа размислувањето, но првите шест месеци тие имаат солиден имунитет и местото за вакцинирање треба да се препушти на тие што немаат никаков имунитет“, вели Петличковски.