ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува мерката за полициски час, активни 15.131 случаи на Ковид-19, слободни 300 кревети

March 22, 2021 08:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Полицискиот час од 22 до 5 часот, кој истекуваше денеска, ќе продолжи да важи. Како што информираа вчера за МИА од Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки.

Со Одлука на Владата, полицискиот час беше воведен на 10 март, а целта беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, и по домови после затворањето на угостителските објекти, зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Комисијата за заразни болести и министерот Филипче очекуваат на почетокот од неделава резултати од полицискиот час воведен пред 12 дена, од кои ќе зависи новата проценка за воведување рестриктивни мерки, а кои би значеле евентуално  зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти.

Во меѓувреме, во вчерашниот Ковид – билтен, по направени 2.730 тестирања,  регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19, починале 25 лица, а оздравени се 524 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Од новодијагностицираните најголем број се во Скопје 321, а со двоцифрена бројка се и Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22 и Охрид – 20.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 329 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите,
Од Министерството за здравство информираат и дека поради зголемениот број пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и Ковид – центарот на Клиниката за пластична хирургија.
Во тек е вакцинација против Ковид-19 на здравствените работници. Според податоците објавени на сајтот kovid19vakcinacija.mk , досега против Ковид се вакцинирани 6 142 здравствени работници, а вкупно пријавени граѓани за вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk се 111.014.
Сто македонски новинари утре во Врање ќе имаат можност да се вакцинираат против коронавирусот, а потоа и да се ревакцинираат.. Веста ја потврдија од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ а вакцинацијата е на молба на Здружението на новинари на Србија (УНС) по барање на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 119.378. Бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати  3. 473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131. /МИА/.

Next Post

Чествување за 100-годишнината од раѓањето на Конески во седиштето на УНЕСКО во Париз

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk