ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Богојески прашува зошто Апасиев се шашардиса кога му поставија прашање за Орце Камчев, софтверот за сообраќај е набавен низ регуларна јавна набавка, вели Заев…

March 25, 2021 18:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Софтверот за сообраќај е набавен низ регуларна јавна набавка, не е прекршена ниту една процедура, вели Заев. Создаден е за различни камери, не фаворизира ниту еден хардвер и може да регистрира широк спектар на разни сообраќајни прекршоци. Претставува автоматизиран систем што го елиминира човечкиот фактор при одлука за санкционирање на сообраќаен прекршок и со оваа функционалност значајно ќе го подобри регулирањето и почитувањето на сообраќајните правила, рече Заев.

Николовски до Велјановски: Заврши времето кога имаше еден судија, еден обвинител, правдата е тука сега и секоја институција постапува согласно законските надлежности. Вицепремиерот Николовски му порача на пратеникот Велјановски, дека како членови на ВМРО ДПМНЕ се должни да дадат став за „Плацевите на Водно“ каде што ВМРО ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра.

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за Северна Македонија во ЕП. Европратеничката Тинеке Стрик, од групата на Зелените, нагласи дека Северна Македонија направи длабоки и често болни реформи за да дојде до ова и потсети дека останува да се направат напори во многу области како правата на жените, на малцинствата, корупцијата и владеењето на правото, и дека земјата покажала волја за соработка со соседите.

Богојески: Зошто Апасиев се шашардиса кога му поставија прашање за Орце Камчев?. Крадени народни пари од олигархиската мафија во чебот на Клисарот!? Вие пак продолжете со “браво професоре ти си спасот” и со “бојкот на пописот”… не отварајте врата, зашто на вас ќе ви ја затворат, а на Орцето ќе ја отворат!“, напиша Богојески.

Русковска: Приведени 21 лице во полициската акција во Грчец, ќе следи и финансиска истрага. Собирваме година дена докази. Се спроведуваа посебни истражни мерки и тоа слушање на телефонски комуникации, како и следење. Моментно се приведени 21 лице. Се наоѓаат во повеќе полициски станици, но колку што сум информирана по одредени лица се уште се трага, изјави Русковска, по завршување на денешното рочиште за „Организаторите за 27 април“.
Отворени за клевети, затворени за пописот. Таков пример е и манипулативната објава за граѓанското здружение НВО Инфоцентар, но се поврзува и со медиумската платформа на ЦИВИЛ. Објавата на „Не отворам врата“ гласи: „CIVIL media, USAID и други NGO организации започнаа кампања за учество во “пописот” кампањата има два центри со две мотивациони крилатици #ПописКонечно и #ТиОдлучуваш, а всушност калето одлучува!

Митрески: Три дена опозицијата покажува наводна загриженост за граѓаните, за денеска да видиме дека поважни им се пратеничките прашања. Митрески истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше деструктивно и кога се носеше Буџетот за 2021 година и правеше се тој да не биде донесен, а државата да мора да функционира преку времено финансирање.

Заев-Џафери: Парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратениците и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за работата на Собранието.

Царовска: Со нови законски решенија и зајакнат социјален дијалог го намалуваме недостигот на вештини на пазарот на труд. Со Законот се унапредува и постапката за верификација на посебните програми и за верификацијата на институциите, а двете постапки се целосно само во надлежност на Центарот за образование на возрасни. Согласно Законот, Центарот ќе биде должен да донесе решение за верификација во рок од 30 дена. За олеснување на процедурите за обезбедувачите на услуги за образование на возрасни, се зголемува периодот на траењето на верификациите од три на пет години, а се воведува и реверификација, рече Царовска.

И. Т. З. 

Next Post

УЈП: Оние кои не доставиле комплетно барање за финансиска поддршка, може тоа да го направат до 31 март

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk