ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Развиени општини значат силна економија, Делчево со новиот капитален проект дава стимул за локалниот економски развој

March 26, 2021 12:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Современиот градски пазар преку почитување на сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната, ќе биде уште едно место двигател на локалната економија тука во Општина Делчево, заедно со текстилните претпријатија за производство на кошули, ХТЗ- опрема, претпријатија од дрвната индустрија, како и земјоделските дејности во кои се вклучени најголем број од населението“, изјави претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев кој заедно со градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, заменикот-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски го означија почетокот на изградба на современиот градски пазар.

Премиерот Заев истакна дека целта на овој капитален проект за Делчево во износ од 33,4 милиони денари е создавање  модерни услови како за продавачите, така и за купувачите.

„Дополнително овој дел на градот добива современ урбан изглед со можност да се создадат атрактивни локации за идни нови градби. Развиени општини значат силна економија. Во таа насока Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Ја зајакнуваме децентрализацијата и овозможуваме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво. За таа цел започнавме реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку реализирање на 3 главни столба и тоа раст на приходите на општините, отплата на долговите, како и домаќинско, транспарентно и отчетно работење.   Владата продолжува да поддржува трајни добра како изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа,  канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи,  за подобрување на животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој“, изјави Заев и рече дека Владата со буџетски средства и со поддршка на меѓународните финансиски институции спроведува проекти конкретно насочени кон развој на општините за зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво.

Градоначалникот Трајковски истакна дека градскиот пазар во Делчево е неопходна потреба и проект кој има регионално значење за Општина која е на крајниот исток од државата, каде доаѓаат посетители од соседна Бугарија, но и како транзитно место, често посетувано од граѓани од цела држава и пошироко.

„Целта е да добиеме современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг простор. Градскиот пазар е со површина на  градежна парцела 11.599 м2 и површина за градење  6.944 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи но и други стоки“, рече Трајковски и додаде дека изминатиов период во Делчево се града улици онаму каде што канализации, се работи да се подобриме квалитетот на водата за пиење и да се обезбеди чиста вода за Делчево.

Дополнително како што подвлече Трајковски, реализирани се и ветените капитални проекти: улици во населбата Басарица, пешачки мост на р. Брегалница, градска капела, а за една година ќе биде реализиран и долгогодишниот сон на секој делчевец, изградба на современ градски пазар кој ќе овозможи да се создадат современи услови во трговијата и можности за развој на овој дел од градот.

Next Post

Наумче Мојсовски: Започна процесот за утврдување законско решение за поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk